СТАВ

Антоновски: Приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници

По многу реакции на медиуми и моите синдикалци коишто препорачуваат вакви или онакви предупредувања, МИА како њуз агенција, повеќе денови веќе така функционира согласно со светските стандарди за превентива. Ние тие стандарди ги воведовме уште пред да ги соопшти препораките нашата Влада.

Пред десетина дена самоиницијативно набавивме средства за дезинфекција и секој вработен има на својата маса, имаме топла вода и сапуни редовно во тоалетите, залепивме флаери со упатсва за одржување хигиена, и тоа функционира. Ги ослободивме од доаѓање на работа тие кои имаат малолетни деца, а потоа и сите радакции што можат да работат од дома. Нашите колегиуми ги оддржуваме on line, комуницираме преку вибер групи секоја редакција посебно, англискиот сервис, деск- надворешна редакција, албанскиот сервис и адинистрцијата, сите работат од дома, 80 % од вработените работат online.

Само вработените во внатрешнополитичката редакција доаѓаат на работа и ги покриваат дневните настаните. За тие коишто одат на терен набавивме маски, а сега сме во процедура за набавка на скафандери за најистурените (фото/видео/репортери) и се надеваме дека успешно како и досега ќе ја извршуваме нашата задача – да пласираме проверени и точни вести на јавноста, а ќе имаме и заштитени новинари. Да, малку е посложено преку телефон, вибер и фб групи да комуницираме и да го усогласиме се тоа и да имаме брза информација, но знаеме дека сме одговoрни и пред јавноста и пред нашите семејства, затоа однапред се извинуваме за некои технички недоследности.

Во таа насока, сакам да ги повикам работодавците, односно сите газди и на медиуми и на гранапчиња и портали, да ги заштитат своите вработени и да пробаат да работат online, како што тоа го прави МИА со повеќе од 100 вработени.

Сакам да ги поттикнем приватните медиуми да ги заштитат новинарите и сите медиумски работници! Eве на МИА ни успева, можете и вие да се организирате, да се заштитите и себе си и јавноста пред која сме одговорни сите.

ФБ статус на Драган Антоновски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Трпкова: Кога непријателот се претвора во стереотип, полесно е да се најде конкретна жртва и на неа да се фрлаат камења

Влатко Зорба

Бошкова – Мицевска: Како Македонец замислува правда?

Јовановиќ: Вакви неодговорни пробисвети оваа држава не памети

Влатко Зорба

Куновска: Итно да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани

Влатко Зорба

Ориѓански: Последниот метак ќе треба сами у глава да си го треснете, за да се спасите

Влатко Зорба

Ориѓански: Како може да ја бранат Македонија оние кои ја ограбија и уништија?