СТАВ

Белчева: Колективна „интелигенција“

Демократијата подразбира носење одлуки и политики со мнозинство на гласови во колектив, тим, група. Непознавајќи како тоа изгледа во други управувачки тела на државата, ќе зборувам за она што видов и доживеав на ниво на Општински Совет. И не на било кој Совет, туку на Совет во најцентралната Општина во државава претендент за ЕУ.

Верував дека размислувањето како тим и група, во овој случај Совет, може да ја надмине индивидуалната пристрасност и значително да го подобри квалитетот на резултатот. За реализирање на потенцијалот на мудроста на групата потребна е достапност на сите важни, потребни и критични информации, како и уважување на поединечните знаења и експертиза на членовите на групата. Верував дека работата на општинските служби раководени од градоначалникот ќе бидат унапредени, а барањата на граѓаните и нивните сугестии ќе се слушаат и разгледуваат со респект. Но сето ова е можно само ако внимателно се постават процесите за соработка, но и се внимава на составот на целиот тим, во овој случај и кој се‘ е член на Совет и кој раководи со општината.

Донесувањето лоши одлуки е најчесто случај ако се преферира групна хармонија над независноста на мислата, над аргументите и анализираните достапни информации. Групната хармонијата во Центар се потхранува и со неа се тргува, а тоа води кон неефективно донесување одлуки. Таа групна хармонија во Центар не е партиска, нема идеологија, туку е со друга поларизација, па затоа се случуваат екстремни, ризични, конзервативни или назадни решенија. Приклонувањето кон таква групна хармонија значи и лично помирување дека понапредни, поразумни или стручно/научно сугерирани одлуки се невозможни.

Јас неможам да се приклонам кон група во која мнозинството не е спремно за прогрес, не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум дел од тим без желба за транспарнтност, споделување, но и знаење и информации потребни за да донесат одлуки. Не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту воља за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации.

Се оградувам од одлуките кои ќе се донесат на денешната седница на Советот, иако дел од предлозите се мои. Се оградувам бидејќи општината дозволи упад во процедурата на закажување продолжение на Седица, одржува Совет кој не сум го свикала и селективно избира кој ќе биде информиран за присуство. Дополнително, со постапките денес се заобиколуваат и уредбите на Владата за работа на Советот. Се нема интерес да се дознае како се спроведуваат одлуките ниту надлежностите на службите во општината, нема интерес да се знае како се реализира буџетот за да се предвидат и предложат приоритетните активности, се нема иницијатива за прогрес, туку напротив, се дозволуваат назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси. Многу пати претходно бев ставена во позиција да потпишувам одлуки за кои сум гласала против, но мнозинството гласало за. Се оградував низ издвоени мислења некогаш сама некогаш со други колеги.

На локално ниво во земјава ни требаат сериозни и долгорочни промени. Процедурите на ангажирање, избирање, именување и вработување, составот на тимовите, мерењето и мониторингот на општинската работа, како и перформансите мора да се следат и да се вреднуваат внимателно. Личниот и професионалниот развој на избраниците е важен за да тимот/Советот биде мнозински програсивен. И на крај, емоциите не може да се одвојат секогаш од разумот. Донесувањето одлуки мора да биде усогласено не со потребата за власт, за доминација, туку за креирање средина на доверба во институцијата наместо непредвидливост, неинформираност, па дури и несигурност и лутина. Системска трансформација ни е насушно потребна за да ја вратиме довербата и во демокртијата и во политиката и во политичарите, особено локалните, како оние во Центар.

ФБ статус на Јана Белчева

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Тричковски: Гарантирана војна

Влатко Зорба

Атанасоски: Отворено писмо до официјална Софија

Влатко Зорба

Забрчанец: После подолго време точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните

Влатко Зорба

Трпкова: Ако сме смирени и следиме препораки има шанси да се извлечеме без катастрофални последици

Влатко Зорба

Божиновски: Три прашања за пресот на Филипче

Влатко Зорба

Богојески: Заштитата е наша индивидуална одговорност, а не обврска на државата!