СТАВ

Биба: Почитувањето се купува со почитување!

Честит 8 Септември до сите сограѓани на Републиката!

Почитувањето се купува со почитување!

Почитувањето на Албанскиот јазик и култура, ми извира чисти и силни патриотски чувства кон мојата држава Македонија.

Јас конечно научив да ја почитувам мојата држава и од срце им благодарам на сите што ми помогнаа во тоа. Македонија полека но сигурно станува силен пример за сите други Балкански држави, за взаемна почит и толеранција која од толеранција ќе треба да израсне во горд и природен модерен соживот, кој ќе ни служи за фалба и балканска рекламативна приказна која мора да добие помош и награда од Европската Унија и од другите релевантни светски институции, кои се жедни за мир и за позитивни примери.

Јас, како Албанец сум се повеќе горд со нашата заедничка држава. Ја сакам ваквата Македонија!

Честит 8 Септември до сите мои сограѓани во Македонија!

ФБ статус на Агрон Биба

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Дерала: Љубезни прашања до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Забрчанец: 2/3 за Законот за јавно обвинителство носат правда, правна држава и европска иднина

Влатко Зорба

Тричковски: Раденска две срца

Алексиќ: Напредна технологија – назадна природна интелигенција

Влатко Зорба

Куновска: Итно да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани

Влатко Зорба

Петров: Во каква земја сакаме да живееме?

Влатко Зорба