СТАВ

Богоевски: Еве зошто „Не!“

Своевремено, Рамковниот договор беше сметан за документ кој на мошне практичен начин нуди вистинска застапеност на немнозинските заедници во политичките процеси и управувањето на државата. Но овој документ, со сите свои силни и слаби страни има една карактеристика, која – иако би требало да биде позитивна – во македонскиот политички контекст може да биде фатална за демократските процеси и меѓуетничката кохезија.

Рамковниот договор се заснова на соработка, а не на конкуретност помеѓу различните етнички заедници. Тоа е и самата цел на документот – надминување на етничките разлики во политичкото одлучување во корист на сите граѓани, а не само во корист на етникумот кој различните партии тврдат дека го застапуваат.

Моноетничките партии, чија сама смисла на постоење е спротивна на духот на Рамковниот договор, никогаш нема да можат целосно да го применат принципот на соработка, бидејќи тоа подразбира откажување од основата на нивната идеологија – националниот идентит кој тврдат дека го претставуваат. Уште повеќе, овие партии можат да се развиваат само во услови на конфликт помеѓу етничките заедници, бидејќи целата нивна филозофија и идеологија се заснова на фолклор политики во чиј центар се интересите на само една етничка заедница. Ова е главната причина зошто Али Ахмети се преправа дека никогаш не рекол дека имплементацијата на Рамковниот договор е завршена работа. Му треба обесправеност, му треба конфликт.

Политиката не може и не смее да биде равенка со нулти резултат. Се’ додека слободите и правата ги гледаме како вреќа јаболка, каде ако дадете право на еден, значи дека ќе морате да одземете право од некој друг – никогаш не можеме да го примениме принципот на соработка и никогаш нема да можеме да излеземе од меѓуетничкиот натпревар во кој не’ фрлаат моноетничките партии.

Затоа Али Ахмети не е во право кога вели дека „нивниот“ кандидат за Премиер не значи влегување во делот на другиот, туку барање на нешто што „ним“ им припаѓа. Па, уште и прашува „Зошто не?“

Прво, тоа значи дека државната власт има повеќе делови кои треба да се делат по етничка основа. Не, тоа не смее да биде случај. Власта е единствена, учеството во неа е на политичка основа согласно резултатите од последните парламентарни избори, а нејзиното дејствување е унитарно на целата територија на Републиката – и точка.

Второ (и најзначајно), ДУИ не ги претставува интересите на сите Албанци во државава, исто како што ниту ВМРО, ниту СДСМ не ги претставуваат интересите на сите Македонци. Рамковниот договор никаде не вели дека за една одлука се потребни толку и толку гласови на ДУИ, ВМРО, СДСМ и сл., туку дека се потребни гласови на Пратеници кои не се од мнозинската заедница во РСМ. Така, самата арогантност дека одредени партии можат да го заменат граѓанскиот вокабулар на Рамковниот договор со партиски е коренот на сите меѓуетнички проблеми со кои се соочуваме сите овие години.

ДУИ не предлагаат Албанец кандидат за Премиер. Тие најдрско ја уценуваат идната соработка со партиски кандидат, кој во случајов е Албанец. Тоа едвај го чекаа и македонските моноетнички партии – уште една апстрактна закана од „лошите Албанци“ која можат да им ја сервираат на своето гласачко тело, засилувајќи го национализмот кај сите етнички заедници.

Нив не им е гајле од која етничка припадност ќе биде идниот Премиер, се’ додека е човек кој е обврзан кон нивната партија. Исто како и другите моноетнички и националистички партии, како ВМРО-ДПМНЕ, Интегра, Левица и сличните на нив. Ваквите партии своето постоење и развој го гледаат само во меѓуетничкиот натпревар, бидејќи соработката значи дека нема место за силење кој е поголем Македонец, Албанец, Турчин или Ром – а со тоа се брише самата смисла за нивното постоење. Затоа „Не!“, г-не Ахмети!.

ФБ статус на Павле Богоевски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Зиков: Ставовите на Денко се ставови за убавата приказна за МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА

Влатко Зорба

Јовановиќ: Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ спремаат повторно некое страшно глупаво сценарио

Влатко Зорба

Сарачини: Изворот на кризата

Влатко Зорба

Вангелов: И преку епидемијата на површина излезе длабоката поларизираност на населението

Жерновски: Новиот скандал на Мицкоски е опасна и крајно штетна порака до граѓаните

Влатко Зорба

Богоевски: Воопшто не е изненадувачка и (де)еволуцијата на приоритетите на Левица

Влатко Зорба