СТАВ

Богоевски: Воопшто не е изненадувачка и (де)еволуцијата на приоритетите на Левица

Слободата на мислата и убедувањето се темелот на секоја вистинска демократија. Без разлика сите работи кои биле кажани за мене во јавност, никогаш не сум се заканил дека ќе тужам, ниту имам намера. Од друга страна, при моето изразување внимавам да не ја злоупотребам мојата слобода на изразување на начин спротивен на вредностите кои ги застапувам.

Во сите мои години на активизам, јавна функција и потоа, само еден човек ми се има закането дека ќе ме тужи за јавно кажан или напишан збор. Тоа не беа груевски, мијалков или горде, ниту некој од ДУИ – туку лично апасиев, потпишан во име на Левица.

Опомената пред тужба беше неколку месеци пред локалните избори во 2017 година, кога пишував КАКО Левица одлучи да не влезе во коалиција со СДСМ на изборите во 2016 година.

Тогаш напишав дека апасиев и неговата тајфа на ден на гласање донеле нови членови со автобус, кои гласаа против коалицираање со СДСМ, со што го променија ставот кој преовладуваше до тогаш. Не сакав да се влечкам по судови, ниту да му давам на значење, па така престанав да пишувам на таа тема.

Моја грешка, друштво. Не биле доведени со автобус, туку најверојатно со автомобили. Па нека тужи диктаторчето.

Една од ретките убави работи во нашата политика е времето. Кога ќе помине доволно, секој ќе си го покаже своето вистинското лице и вистински вредности. Или, што би кажал другар му на димче – вистината е како шило.

Неодамна еден од основачите на партијата, Гордан Стошевиќ објави серијал за развојот и случувањата во Левица. Па така, моите некогашни основи за Опомена пред тужба денес се документирани сведоштва на луѓе кои биле присутни. (Линк од серијалот во коментарите)

На 16 октомври 2016, ЦК на Левица одлучуваше дали да стапи во преговори и коалиција со СДСМ. Во едно од сведоштвата, се вели дека по подолга и жолчна дискусија, „доведоа маса луѓе кои ги видовме прв пат во животот, луѓе кои се претставија како „локални ќелии“. Тогаш се покажа дека Апасиев и неговите луѓе не се онакви какви што се претставуваа дотогаш, туку насилна и вулгарна групација која не прифаќа туѓо мислење.“

За овие избори и за иднината на државата најмалку е предметно КАКО Левица одлучила за својот настап на изборите во 2016 година. Но тоа што е предметно е како апасиев го почна процесот на мутирање на својата партија во ова национал-фашистичко чудовиште со кое управува денес.

Што се однесува ЗОШТО апасиев одлучи да ја премести Левица во пазувите на ултра десницата – тоа е сосема друга приказна. Бидејќи уште попредметно е дали апасиев од почетокот на својот активизам до денес е обично политичко профитерче кое цело време играло по ритамот на фамилијата.

Да, е. Затоа, воопшто не е изненадувачка и (де)еволуцијата на приоритетите на партијата: од минимален гарантиран приход за секое семејство, право на пензија по основ за стаж на работниците, забрана за понатамошна приватизација на државни ресурси и стопирање на непродуктивни трошења (2016) во поништување на договорот од Преспа и укинување на двојазичноста, ставање во затвор на Никола Димитров и фамозното „власта кај народот“ во 2020 година.

ФБ статус на Павле Богоевски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Карапејовски: На светот и на човештвото им требаше ресетирање, па природата си дојде по своето

Влатко Зорба

Васиљ: Напорот и искрената борба против „домашното“ зло се исплатеше со победа

Влатко Зорба

Богојески: Мицкоски ревносно ги исполни сите задачи кои ги доби од господата Груевски, Мијалков и Протугер

Влатко Зорба

Ангеловска: Одговорноста кон самите себе, тргнува од одговорноста кон животната средина

Влатко Зорба

Јордановска: За демократија е потребно граѓанство со изградена зрелост и силен карактер

Влатко Зорба

Петров: Додека едни ги почитуваат правилата, други си прават прослави и гордо изјавуваат дека КОВИД-19 не постои