СТАВ

Богојески: Слободни банки

Владата, во која учествуваат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, не е способна да се справи со банкарската олигархија во земјава! Всушност покажува еден неизмерен поданички однос, во услови на вонредна состојба, кога иднината на граѓаните и стопанството е се понеизвесна!

Има сериозен простор за подобрување на мерките за превенција на економската криза. Не може сметката да ја платат граѓаните, а банкарите да остваруваат профити на маката на народот и стопанството!

Сега е моментот за длабоки реформи!

Единствено преку либерализација на банкарскиот сектор! Доволно беше да работиме и да живееме само за камати. И во вакво време невреме, пак истите бандити од последниве 30 години, да не доведат до питачки стап! Монополот на една или две банки, е директна причина за осиромашување на граѓаните и компаниите! За опустошување на домашната економија!

Како до богати граѓани? Како до стабилна економија?

Единствено преку слобода за движење на капиталот/инвестициите. Тоа подразбира целосна либерализација на тековните и капиталните трансакции, која практично значи слобода во одлучување за вложување на средста (штедење, осигурување, купување на хартии од вредност и слично) и земање кредити таму каде што е најповолно за македонските граѓани и фирми, независно – дома или во странство.

Со тоа на македонските субјекти ќе им се овозможи пристап до поевтини извори на средства и можност за повисоки приходи од слободните парични средства, а воедно ќе се воспостави вистинска конкуренција на финансиските институции, особено банките кои работат во Македонија.

Во услови на континуиран вишок на ликвидност во банките, а недостиг на средства во стопанството во државава, ова може да биде решение за подинамичен раст и развој на Македонија.

ФБ Статус на Петар Богојески

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Освен што Апасиев се напика у Собрание, каква директна корист има земјата од лудата Левица?

Влатко Зорба

Јанкуловски: Расказ „Неизмерна среќа“ во три дела

Богојески: Подобро да се спречи, отколку да се лечи!

Влатко Зорба

Ориѓански: Како може да ја бранат Македонија оние кои ја ограбија и уништија?

Ѓорѓиева: Зголемете го бројот на автобуси, ако не сакате да се претворите во подвижна корона бомба

Влатко Зорба

Најчевска: Се додека постои ДУИ не може да има граѓански модел во Македонија

Влатко Зорба