СТАВ

Богојески: Ублажување на тонот на квалификациите!!!

Упатувам јавна молба до сите граѓани на Македонија, да се престане со квалификации кон нашите соседи Бугари со зборот Татари!
Знам дека тоа сме го правеле до сега, поради тоа што сме го учеле во нашата историја, а преземено од бугарската, дека Пра-бугарите биле Татари, кои се населиле на Балканот еден век после Словените…

Знам дека во лутина, од желба да им вратиме на Бугарите кои постојано не невредуваат на социјалните мрежи и медиумите, нарекувајќи не србомакедонисти, југомакедонисти, северномакедонисти и сл., им возвраќаме со тоа Татари!

Но ајде ние да бидиме воспитаните и добронамерните, први да подадеме рака, да престанеме со навреди да одговараме на навреди! Ние да бидеме домаќините и помирувачите!

Дополнително, историската наука доаѓа до нови сознанија! Бугарите тврдат дека српскиот национализам не натерал да ги нарекуваме Татари, без да си признаат дека нивната бугарска историја и нив ги учеше на тоа! Дека Бугарите со децении се повикуваат на Првото бугарско царство и Хановите Аспарух, Крум и Омуртаг, кои биле Татари!

Но денес, има нови научни теории дека Пра-бугарите се туркиски племиња (кое не значи турски), а не татарски.

Многу Бугари не ја прифаќаат Туркиската теорија и се повикуваат на Иранска теорија или на Мешовита туркиско-иранска теорија. Трети пак веруваат на Тракијската теорија, која е слична на античко македонската и тврди дека Бугарите се антички Тракијци, браќа на античките Македонци!

Знам дека во лутина ќе кажете, Бугарите не знаат што се, а ни се потсмеваат на нас Македонците, дека ние не сме знаеле кои сме!

Без разлика на тоа, ние не сме фашисти и ние ниту судиме, ниту им наметнуваме идентитет на другите народи!

За која теорија на крај и да се одлучат Бугарите, покрај фактот што современата бугарска нација се раѓа во крајот на 18-от век (со делото на Македонецот Паисиј Хилендарски), ние ќе им го прифатиме тоа што они ќе одлучат и ќе го ставиме во нашите учебници! Така ќе покажеме добра волја и меѓусебно почитување!

Апелирам и до граѓаните на Бугарија да направат возвратен чекор и да престанат со навреди кон нас Македонците!

ФБ статус на Петар Богојески

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Колемишевски: Да предлагаш ОДЗЕМАЊЕ од пензиите на граѓаните е безобразно и крајно несериозно

Влатко Зорба

Милошески: Слугата на унгарскиот бегалец е „ризик фактор“ по внатрешната стабилност на државата!

Влатко Зорба

Рамадани: Три забелешки за дополнителните мерки

Влатко Зорба

Ѓуров: Главните уредници да не се закануваат со освети кон функционерите, тоа го правеше Протуѓер

Влатко Зорба

Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

Влатко Зорба

Димитриевски: Од 1995г. се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност…

Влатко Зорба