СТАВ

Богојески: Време е за толеранција, солидарност и конструктивни предлози за да го надминеме овој предизвик

Воопшто не е во ред да се шири толкава омраза на ФБ, од страна на поддржувачите на господин Заев (СДСМ1) и на господин Мицкоски (СДСМ2)!

Дозволете да постојат и дејствуваат граѓани, кои не сакаме да бидеме дел од СДСМ формацијата! Ние воопшто не оспоруваме на никого да си има сопствено политичко убедување! Но не прифаќаме на нас да ни се оспорува правото на наше убедување!

Доколку верувате дека Мицкоски ќе го врати името и старото знаме на Македонија, слободно да си гласате за него!

Доколку верувате дека Заев ќе донесе правда во земјава, слободно да си гласате за него!

Но дозволете ние кои знаеме дека нема да се случи ниту едното, ниту другото, да направиме политичка понуда, која е различна од веќе виденото во последниве 30 години!

Во ова време, невреме, им даваме полна поддршка на сите лекари и медицински персонал, вклучително и на МЗ Филипче, без разлика на нивната политичка определба! Сите тие работат заедно, за доброто на секој од нас!

Но во исто време, дозволете да искажеме различен предлог од оној на Заев или на Мицкоски, за справување со економската криза! Не е штета ако ние имаме подобри решенија, истите да ги предложиме! Не е болка за умирање, на СДСМ 1 и 2, па до тој степен да се шири омраза и нетрпеливост!

Време е за толеранција, солидарност и конструктивни предлози / критика, начин како сите заедно да го надминеме овој предизвик!

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Рамадани: Да се надеваме дека претседателот на државата ќе го има во предвид поривот на луѓето за слобода

Влатко Зорба

Цветанов: Додека земјоделците чесно и макотрпно го заработуваат секое парче леб, кадрите на ДПМНЕ ги рекетираат и уценуваат

Влатко Зорба

Ориѓански: Како може да ја бранат Македонија оние кои ја ограбија и уништија?

Деспотовски: Компаниите кои средства од ФИТР бесплатно да ги понудат своите содржини

Влатко Зорба

Салиу: Најавуваш нов пристап на партијата, пола мандат само две средби… Со ОРБАН и ВУЧИЌ

Колемишевски: Да предлагаш ОДЗЕМАЊЕ од пензиите на граѓаните е безобразно и крајно несериозно

Влатко Зорба