СТАВ

Д-р Даниловски: Сепак, се пренесува (и) преку воздухот! Што да правите сега?

Како да се заштитите од вирус што можеби лебди во затворен простор? За почеток, со подобра вентилација. И продолжете да ги носите маските.

Коронавирусот може да остане со часови во ситни капки во застојан воздух, инфицирајќи ги луѓето додека вдишуваат, укажуваат сè поголем број научни докази.

Овој ризик е најголем во преполни затворени простории со слаба вентилација и тоа може да помогне во објаснувањето на настани на супер-пренесување, пријавени во кланици, цркви и ресторани.

Не е јасно колку често се шири вирусот преку овие ситни капки или аеросоли, во споредба со ширењето преку поголемите капки, кои се исфрлаат кога некое болно лице кашла или кива или кога се пренесува преку контакт со загадени површини, рече Linsey Marr, експерт за аеросоли во Virginia Tech.

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација.

ФБ статус на проф. д-р Драган Даниловски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Забрчанец: Еве за што молеа бога…

Влатко Зорба

Мехмети: 100-0 губите дечки од ВМРО

Влатко Зорба

Битиќи: Зa „екoномистoт“ Мицкоски

Влатко Зорба

Шилегов: Убеден сум дека граѓаните на Скопје и тоа како добро ја знаат и гледаат разликата

Лазаревски: Супер (не)правични мерки

Влатко Зорба

Костадинов: Кога им зборувам на ДПМНЕ и Мицкоски дека се последниот антидржавен елемент, велат дека не сум ја зборувал вистината

Влатко Зорба