СТАВ

Д-р Георгиев: За лажниот сјај на рекламите и ние не сме од тука!!!

Во однос на предизборното спотче на моите колеги доктори од Клиничка Болница Штип…Ок сте Вие, ама сите имаме проблем со односот на Вашата партија кон здравствените работници…има уште над 120 доктори и над 220 сестри во болницата и тие знаат, ама малку освежување на меморијата за граѓаните, иако ВМРО ДПМНЕ се ‘ грижеше ‘ цели 11 години за нас, владееја до пред 3 години, а не пред 103, па не сме заборавиле…

1.Кога побаравме погопеми плати, ни пратија директори на контраштрајк, да не убедат дека убаво ни било.

2.Воведоа плаќање по „учинок“, со кое ќе земеа од Д-р Никопа, а ќе дадеа на Д-р Ленче.

3.Даваа награди на некои доктори под „неразјаснети“ критериуми.

4. За 11 години, не само што минимално ги покачија платите, туку знаете дека немаше болничар, сестра, лаборант или доктор кој што не беше оштетен и неисплатен за категорија ноќна работа, дежурства, бонус плати…арно ама си траевте 11 години под ‘ Јорган Планина ‘ и Ви пропаднаа 8 години од Вашите пари и труд.
После 19 Јули 2017 година се осиливте и ќе „виткавте табак“, да тужите, ама со спогодба, ова раководство Ви врати се до денар, ама за 3 години, колку што законски не застарува, а другите 8 години????….Ви пропаднаа, друго време беше, незгодно за тужба.

5. Денес направив пресметка за платата (со сите додатоци, дежурства, ноќна работа, повик, прекувремена работа) на доктор специјалист, сестра и лаборант за Мај 2017 и со истите параметри пресметана за Мај 2020…..кај докторите е повисока за 60 %, кај лаборантите и сестрите за околу 30 %…

П.С. Веќе објавив што се набави болницата со сопствени средства и нема да се повторувам .

П.С.С. Само за илустрација, еден од докторите на спотот, лекуваше со апарати мои врсници од СФРЈ, а сега имаат најсовремени апарати.

П.С.С.С. Другиот доктор кога оперираше, пациентите на масата понекогаш ги поднаместуваа со даскичка, а сега имаат модерен екстрензионен стол.

ФБ статус на д-р Ален Георгиев

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ориѓански: Балкански мажи !

Влатко Зорба

Забрчанец: Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати!

Влатко Зорба

Шилегов: Со десна се крстат, а со лева крадат

Влатко Зорба

Забрчанец: 2/3 за Законот за јавно обвинителство носат правда, правна држава и европска иднина

Влатко Зорба

Јовановиќ: На теории на заговор, пак, или на лажни вести и на хистерија, Заев не може да го рушат

Влатко Зорба

Кардула: Стварно е небитно дали „Медена земја“ ќе добие Оскар или не – тие се ПОБЕДНИЦИ

Влатко Зорба