СТАВ

Демири: Ромите не беа само вчера натепани од полицијата, туку полицијата многу често ги тепа Ромите

Не постои полицаец кој во својата историја на „шлакање“, во полициска станица, да не претепа Роми (или како шо ги викаат во Битола – Ѓупци) џепароши (цитирам:) „до посер“ или „до мочање“.

Буквално!

Има една работа за која не се зборува, чинам, а доколку не се нафрли дури и на суров (необработен) начин, ќе остане соголено од можноста за подлабинска критика.

Ромите не беа само вчера натепани од полицијата, туку полицијата многу често ги тепа Ромите. Ова го знам од лични сведоштва на полицајци со кои сум другарувал во моето подалечно минато. Не само Роми, туку и зависници, односно наркомани (како шо ги викаат). Дека полицијата е супер насилна, за тоа да не зборуваме, земи предвид дека за да бидеш избран на конкурс треба да можеш физички да издржиш доста оптеретувачки задачи – 20 пати на вратило без престан, оди да те видам. Значи не го бараат Шекспир и Фуко, критичка (дрндрн) теорија и анализа, да не зборуваме за педагогија.

Во однос на Ромите, нашето општество и нашата култура е доста фашистички настроена. Само малку да разгледаме низ профилите на едно чудо луѓе кои обично пцујат по полицијата, денеска сите се редат во одбрана на полицијата и на протестот на полицијата. Како беше тоа, заврши времето на контра-протестите – ха ха ха.

Велам, треба да се кажат и структурните елементи на дискриминацијата и офрлањето на опцијата Ромите да ни бидат пријатели (φιλια – и јас малку да се напрам паметен) е всушност темелот каде треба да се гради критиката, барем од не-ромска позиција. Колку пријатели Роми имаме? Колку Роми гледаме на улица и во какви места најчесто ги среќаваме а тоа да не е контејнер, кога доаѓаат да ни ги чистат гомната (во улога на чистачи) или во болница? Каква комуникација имаме со Ромите, дали со нив зборуваме на „возвишени“ теми или со нив имаме техничка комуникација и гледаме како можно побрзо да го прекинеме односот и да си одиме? Колку ние ги посетуваме маалата и средините кадешто главно живеат етнички Роми (Шутка и Топаана во случајот на Скопје, Баир во Битола итн.)?

Тоа што последниве години одредени супермаркети (КАМ, Рамстор) вработуваат Роми е добар напредок, но недоволен. Сакам да видам Роми вработени и во ЕВН, ВИП, Т-Мобиле, и други капиталистички и некапиталистички фирми и фабрики, а нивната улога да не биде хигиеничарската туку и интелектуална и „поодговорна“ итн. И оваа критика се движи во рамките на либерал-граѓанската сфера, ама сепак е попроширена.
Да одиме подолу.

Односот на луѓето кои навиваат во овој случај за полицијата а не за натепаните Роми има историја на недоверба кон ромите. Стереотипи и предрасуди еден кош, колку сакаш. Иако статистиките кои ги немам при рака, ама се очебијни, зборуваат за тоа дека „Врие Роми во затворите во Македонија“. Некој ќе укради 500 денари, ќе помини 5 години во затвор. Некој кради милиони, ќе го поткупи цел систем и ниту еден ден нема да помине во затвор. Затворите буквално станаа шелтери за повлекување од улица на оние кои „го попречуваат нормалното функционирање на нашите животи“. Така, не-Ромите живеат раат, ги нема „штетниците“ кои им го реметат мирниот и убав живот.

Така, Ромите, живеејќи во лоши услови, државата не инвестирајќи доволно во зголемувањето на капацитетите на општините и маалата во кои живеат Ромите го намалува и капацитетот на Ромите да имаат послободна мобилна релација со останатите граѓани не-Роми. Исклучувањето од образовниот однос и пазарот на труд значи нивна маргинализација и отфрлање, надвор од институционалната покриеност, а сите знаеме дека за да учиш и да си „учен и школован“ треба татко ти и мајка ти да работат и да ти носат дома ти да си папаш и да не му ја мислиш на тие теми, да не зборуваме за бездомниците кои не се во голем број, ама тие се најприсутни во урбаната средина населена со не-Роми, кои често се и надвор од институционална покриеност.

Да не го тупам, накратко сакам да укажам на структурната дискриминација и фашистички однос кој го имаат многумина околу нас, а кој може да се детектира особено во односот кон Ромите.

За горенаведените нафрлени примери, секако дека не ги обвинувам Ромите, туку не-Ромите кои ги живеат сите привилегии кои за Ромите се многу далечни и недостижни.

Затоа, значајно е на протестот утре во Битола, а се надевам дека овој протести за ова ќе има низ цела Македонија, да излезат во поддршка на Ромите, граѓани не-Роми. Со тоа ќе направат еден чекор силен, напред. Прво ја легитимираат угнетеноста на Ромите низ сите институционални и неинституционалкни механизми кои им го причинуваат со векови. Второ, ќе удрат силно против фашистичкиот ентузијазам за одбрана на најрепресивната инстанца во државата и ќе го отфрлат стереотипот дека a priori Ромите не се виновни, барем не за да јадат ќотек.

ФБ статус на Мариглен Демири

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ориѓански: Можеби и повеќе од 20 години ќе требаат за да се случат нови и големи, светски работи

Кекеновски: До кога со лаги и манипулации со граѓаните и сопственото членство

Влатко Зорба

Најчевска: Ако ДУИ не бидат столчени на изборите, Албанците во Македонија ќе си останат заглавени во селскиот нужник во кој моментално се наоѓаат

Влатко Зорба

Туфегџиќ: Сите носиме политичка одговорност за Законот за спречување и заштита од дискриминација

Белчева: Сообраќајно да направиме решенија кои ќе помогнат во физичкото дистанцирање

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ова е земање од сиромашни, давање на богати