СТАВ

Џигал: Фејзбук сезнајко

ФЕЈЗБУК СЕЗНАЈКО (lat. Facebookologiae scientiae doctor) е честа појава која може да се сретне на секое ќоше од социјалните мрежи. Тоа се поединци кои се здобиле со титулата почесни доктори на науки од областа на сештологијата на Google University и кои се упатени во сите детали на тоа како функционира светот и вселената.

Нема лимити за нивните знаења или теми кои тие не можат стручно и квалификувано да ги обработат, од историјата, политиката, економијата, монетарните системи, филозофијата, сѐ до современата нанотехнологија и како таа го менува светот. Природен хабитат на Фејзбук Сезнајкото се коментарите, каде тој несебично ја споделува својата ука и жестоко се бори со другите назадни и игнорантни корисници на социјалните мрежи.

Во овие тешки пандемиски времиња особено доаѓа до израз нивната експертиза во областа на епидемиологијата и природната медицина и од нив се очекува да дадат клучен придонес во победата над зловирусието низ кое поминува светот.

ФБ статус на Сеад Џигал

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Мицковски: Најмалку што ни треба е и политичка криза

Влатко Зорба

Забрчанец: Митинзи не смее да има!

Куновска: Итно да се суспендираат сите отворени емисии во кои има директни вклучувања на граѓани

Влатко Зорба

Белчева: Наследивме град врз кој се изживувале политички и бизнис елити, без љубов, а со алчност за сопствените интереси и богатење

Влатко Зорба

Петров: Во каква земја сакаме да живееме?

Влатко Зорба

Михајловски: А вие мислите дека ние сме глупави?