СТАВ

Џигал: Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата

Еден од најбистрите умови од Апенините, Антонио Грамши, му ја оставил на човештвото мислата дека „Интелектот е песимизам, Волјата е оптимизам“. Грамши, од „изолацијата“ на ќелијата од која никогаш нема да излезе жив, притворен и угнетен од режимот на Мусолини, се обиде да го подучи светот дека треба да ги користиме интелектот и својата мисла, но ако ги оставиме без Волја, лесно може да заталкаме во Песимизам.

Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата, а клуч во таа борба е Волјата која го раѓа Оптимизмот.
Со потсетувањето на Грамши, во деновите на нашите пандемиски искушенија, нашата волја да ја преточиме во Оптимизам и да ја насочиме во:

-поедноставување на своите животи
-засилување на нашата поврзаност со луѓето околу нас
-истрајност во барање на вистината во морето лаги и дезинформации
-бирање љубов, наместо страв
-споделување на она што го имаме и помагање на најранливите.

ФБ Статус на Сеад Џигал

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Заедно сме посилни

Влатко Зорба

Кекеновски: ДУИ нема никаква шанса да биде победник на изборите кај албанското гласачко тело

Влатко Зорба

Петровски: Србија подобро да молчи и да не обвинува, оти ние сме тие кои имаме многу поголеми причини за обвинувања

Михајловски: Новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ е победа на идејата за реформи во партијата

Влатко Зорба

Ориѓански: Потезите што ги правите кон нашиве музичари, не се ок, не се човечни

Влатко Зорба

Спасов: Мицкоски не е и никогаш не може да биде пристоен и елементарно писмен политички соговорник

Влатко Зорба