СТАВ

Ерко: Како со Дурловски мислите да градите соживот со останатите етнички заедници кога гледавме на што се е спремен

Мене господине Мицковски…

Не ме интересира што правел Заев.

Нити пак Ден Дончев!

Очи имам уши исто така здрав разум фала богу ДА, ме служи сеуше доста добро.

Нити па ме интересира ишјалгиските ваши способности како и начинот на кои им се удварате на кандидатите за пратенички.

Тоа што мене ме интересира е следно!

Како вие со Антоњо Милошоски ќе ги отворите пристапните преговори со ЕУ ? И колку брзо би било тоа?

Како со Гоца Сиљановска ќе го сочувате здравјето на граѓаните во напливот на вирусот. Па макар тука бил и Вело младожења кога самите вие не почитувате ниедна. Башка жената се понаша ко да е кандидат на спротивниот табор а не ваша тетка, ништо не памти од минатото ништо не се сеќава тотална амнезија.

Како со Александар Николовски ќе го продолжите добрососедските политики? Кога сам со себе не се согласува од сабајле до вечер.

Како со Дурловски мислите да градите соживот со останатите етнички заедници кога гледавме на што се е спремен. Или ќе си праите пак фингерајки по автобуси по Кале итн.

И конечно како почитувани господа ќе терате Обнова на начин на кој ниту еднаш ниту пола реченица ниту зборче осуда за минатиот криминал.

Ниту реченица осуда за актите на насилство во собранието.

Ниту зборче жал за сите нарачани пресуди инспекции од минатото.

Ниту една просто проширена реченица за оградување од говорот на омраза на вашите сателити по тв куќите.

Како?

Ако мислите со лажни анкети се лажете, многу се лажете.

Народот не го голта тоа повеќе.

Еве ви четри ли пет ли столба погоре седнете размислете напишете.

Потоа ќе збориме за победи обнови напредување просперитет шпицни и полушпицни а богами и десно крилни кандидати.

Ова го пишувам иако не практикувам во ек на кампања.

Со сиот ризик да бидам обвинет заради тоа, ама совршено ми е сеедно од тоа.

Едноставно не се вклучува телевизор од вашите напади на сите сетила на обичниот граѓанин и неподносливо гадна кампања имате.

Просто е многу господа се што сакаме е…

Заеднички живот и просперитетност

Ниедното не го гледам ниедното.

Можеби сум субјективен можеби ама мислам дека сум во право.

Искрен Поздрав од мене…

Почитувани пријатели до 16.07.2020

Ќе се воздржуцам од вакви теми оставајќи им простор на тие кои пред се приммаат плата за оваа дејност.

Ние повторно ќе си коментираме потоа од како ќе се вгнездат и устоличат.

ФБ статус на Ерол Ерко

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Милчин: Печалењето политички поени за време на пандемијата е криминал

Влатко Зорба

Јовановиќ: Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид-19, ете зошто и никогаш нема да нѐ биде

Влатко Зорба

Мојсова: Не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс

Влатко Зорба

Лазаревски: Денес и велиме збогум на дупката наречена Западен Балкан

Влатко Зорба

Шилегов: Убеден сум дека граѓаните на Скопје и тоа како добро ја знаат и гледаат разликата

Богоевски: Еве зошто „Не!“

Влатко Зорба