СТАВ

Гаговски: Неколку предлози за „ремонт“ на образовните содржини и образовниот процес во 21-от век

Неколку предлози за „ремонт“ на образовните содржини и образовниот процес во 21-от век – последната линија на одбрана на човештвото

Пред 4 месеци пишував доста опширно за нешто што го нарекувам „големата поделба“. Накратко, човештвото се соочува со многу опасна поделба по однос на дефиницијата на „здравиот разум“ – едните сметаат дека “здравиот разум” треба да биде втемелен во наука и факти, а другите во квазинаука и бајки…и ова е многу опасно (ако ве интересираат детали, може да ги прочитате во мојот пост од 11.06.2020 под наслов “Кого удрам не жалам”)

Во тоа мое писание, излезните правци од оваа опасна поделба ги лоцирав во 4 области:

1. Образование

2. Темелна реформа на денешниот концепт на капитализмот

3. Темелна реформа на денешниот концепт на демократијата

4. Сузбивање на „културата“ на лажни вести и „алтернативни факти“

За точките 2. и 3. ќе пишувам во некоја следна прилика. За точките 1. и 4. имам неколку конкретни предлози.

Моите предлози се однесуваат на основното и средно образование. Универзитетското образование би го оставил за посебна тема, затоа што во однос на “големата поделба” неговата улога е ограничена, но и затоа што тоа е зрело за потемелна реформа, која излегува од рамките на еден ваков пост.

„Големата поделба“ во најголема мерка произлегува од елементарно непознавање на базични концепти, кои може и треба да бидат темелно обработени во текот на образованието во основно и средно училиште. Затоа, предлагам:

1. Сериозно зголемување на бројот на часови по физика, хемија и биологија во основно и средно училиште (+50%?)

2. Проучување на научниот метод како посебен предмет рано во текот на образованието, можеби веќе во 7-мо одделение, во второто полугодие. Потоа, во 8-мо и 9-то, како и остатокот од средношколското образование, по секој од предметите каде е применливо (физика, хемија, биологија, социологија, економија итн.), секогаш да има еден дел каде што ќе се повтори и продлабочи знаењето за научниот метод и ќе бидат задолжителни проекти во кои научниот метод и нагледно ќе се употреби.

3. „Логика“ да се проучува на базично ниво како полугодишен предмет (во комбинација со научниот метод во другото полугодие) веќе во основно училиште. Во средно да се проучува пак, на повисоко ниво.

4. Статистика и веројатност да биде обврзен предмет во секое средно училиште. Луѓето денес голем дел од своите мислења ги базираат на статистики кои ќе ги прочитаат на интернет, без притоа да знаат да ги „прочитаат“

5. Да се креира нов предмет „Интернет информирање“, веќе во основно училиште, каде најмногу ќе се проучува вештината за препознавање на лажни вести и „алтернативни факти“. Овој предмет би бил тесно поврзан со предметот „Научен метод“. Овој предмет ќе треба да се ажурира минимум на една година, а да се проучува можеби и секоја година од средното училиште.

Ваков пакет на предмети, можеби може да се понуди и како бесплатна доедукација за возрасни (со многу базичен курикулум во делот на природните науки). Можеби ќе се изненадиме од одзивот и од нас самите.

Само вака образовани генерации може да бидат оспособени да донесуваат информирани одлуки во иднина – одлуки од лична природа, но и одлуки во однос на колективното живеење.

Сосема извесно, ова не е конечната листа на активности кои се потребни во образованието за тоа да се прилагоди на 21-от век или пак да им се застане на пат на лажните вести. Но, еве да зборнеме на темава. Ве поканувам да го дополните и/или модифицирате овој список на предмети/активности. Којзнае, можеби ќе излезе нешто корисно од ваква дискусија, што би можело да биде основа и за реални политики.

ФБ статус на Илијанчо Гаговски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Филипче доста добро се справува со корона-кризава

Влатко Зорба

Џигал: Фејзбук сезнајко

Влатко Зорба

Кежаровски: Велат правда, а мислат како да спасат криминалци од судска постапка

Влатко Зорба

Сарачини: Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО

Влатко Зорба

Јовановски: Во Холандија се чувствував исплашено и несигурно, најискрено се чувствувам побезбедно тука

Влатко Зорба

Косотова: Државата конечно треба да го регулира секој аспект од функционирањето и работењето на религиозните институции

Влатко Зорба