СТАВ

Гешовска: Патологијата која избликнува од ликот, зборовите и насилните нарцистички повици на Апасиев е амблемно за оваа култура

Разни опасности ја демнат оваа земја. Но, една која навидум е не битна, која шета по маргините е, всушност, квинтесенција на нашата немоќ да направиме исчекор, да разбереме што е важно за едно демократско, праведно, отворено, граѓанско и политички и културно еманципирано општество. „Левица“, олицетворена во личноста на Димитар Апасиев е таа квинтесенција на нашата немоќ, на нашата доминантна култура. Едно пишувам во „манифестот“, во „програмата“, друго правам и друго СУМ.

Насилството кое Димитар Апасиев со години го практикува во својот јавен говор е парадигма за насилството кое е доминантна карактеристика на нашето општество, во разните негови наличја.

Патологијата која избликнува од ликот, зборовите и насилните нарцистички повици на Димитар Апасиев е нешто кое е амблемно за оваа култура. Не, не сме ние поинакви се’ додека не успееме да создадеме дијаметрална спротивност на она што го претставува Апасиев.

Со години професорот Апасиев зборува за сечење глави, за сороспии, шири најперфидно националистичко лудило, повикува на насилство и омраза, вреска со своите хомофобни паранои, а сето тоа подзаскриено зад некакви си студентски просеци, „ораторски награди“, зад некакви псевдо-левичарски флоскули.

И не би се бавела со Апасиев воопшто, доколку тој не е далечното ехо на нашиот општествен амбиент и одек на нашата немоќ да создадеме поинаков наратив кој навистина ќе направи разлика на повеќе рамништа.

А Димитар Апасиев, тамам е што влезе во парламент – веќе нема да биде дефинитивно „кутар левичар“, „маргиналец“ (иако не разбирам како беше и до сега, па професор е на УКИМ, па беше советник во СЈО). Сега пратеникот Димитар Апасиев ќе се соголи до крај, и со својата пратеничка плата и пратенички привилегии ќе биде одговорен за се’ што се случува во оваа земја. И за хомофобијата, и за културните политики, и за здравствените стратегии и за социјалната правда… Исто како и сите останати пратеници кои ги изгласавме ние граѓаните.

p.s. позагрижувачки од Димитар Апасиев се сите оние кои ставиле срце како поддршка за насилството

ФБ статус на Искра Гешовска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Мицковски: Како фантомот од Опера, никој не знае никого со маските

Јордановска: За демократија е потребно граѓанство со изградена зрелост и силен карактер

Влатко Зорба

Сарачини: Разликата меѓу нормалноста и лудилото станува уште повидлива во битката со коронавирусот

Влатко Зорба

Груби: Политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја

Влатко Зорба

Ориѓански: Можеби и повеќе од 20 години ќе требаат за да се случат нови и големи, светски работи

Цветанов: Граѓаните ќе одлучат дали сакаат да се продолжи со демократските политики или сакаат да им се врати режимот

Влатко Зорба