СТАВ

Хаџи-Ангелковски: Треба и самите за себе да се грижиме, не да чекаме владата, државата, господ и Америка да не’ чува

Причинско-последично размислување? We’ll have none of that here!!!

Причинско-последично размислување значи дека еден согледувач на ситуации, би можел јасно и логично да претпостави што ќе се случи после акција А, знаејќи ги само предодредените сили за тој систем. Или Причинител А секогаш ќе носи кон Последица Б.

Другарот Њутн ова го има објаснето во својот Трет њутнов закон кој вели (во прости зборови): За секоја акција се јавува еднаква, но спротивна по насока реакција.

Е сега, зошто беше важно да го дефинираме ова прво? Бидејќи пандемијата со КОВИД-19, носи купишта последици, некои кои можеме лесно да ги согледаме, некои не толку многу.

Продолжениот викенд во Охрид на пример, беше прилично лесен да се согледа дека ќе се случи и мислам дека веќе ни е јасно што ќе следи како последица на збирот од толку многу луѓе, на толку мал простор. Но, самите случувања во Охрид се и последица сами по себеси.

1. Границите се затворени на државава, нема излегување надвор од 25.713км2,
2. Хотелиерите и сопствениците на смештај во туристичките места се желни да ги надокнадат месеците без туристи,
3. Граѓаните беа затворени со месеци по дома,
4. Продолжен викенд + одмори,
5. Поделени туристички ваучери за бесплатни одмори,
6. Прежешки температури захтеваат разладување.

Знаејќи ги сите овие работи предвреме, лесно е да се дедуцира дека туристичките локации ќе бидат преполни и дека ретко кој ќе го интересираат протоколи за безбедно однесување.

Реално, нема правилен избор за државата тука. Од една страна, не можат туку така пак да воведат полициски час или да го затворат Охрид, Ресен, Дојран, Струга, ниту пак можат да очекуваат дека полицијата ќе може секого да спречи и да го надгледува. Дали можеби можеше нешто повеќе да се направи? Секогаш! Ама не е тоа поентата…

Поентата е дека треба и самите за себе да размислуваме и да се грижиме, не да чекаме владата, државата, господ и америка да не’ чува и да мисли само за нас. Ама па, кога тоа било интересно… Самите за себе да се грижиме де….

ФБ статус на Демијан Хаџи-Ангелковски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Новиот скандал на Мицкоски е опасна и крајно штетна порака до граѓаните

Влатко Зорба

Јанески: Кажете им на верниците дека 5G антените се скриени во уличните светилки најчесто околу црквите

Влатко Зорба

Мицковски: Нашите странски партнери во акцијата Крушопек биле мудри што ја задржале дрогата

Влатко Зорба

Јовановиќ: Нема да колабира текстилната индустрија од покачување на минималната плата

Влатко Зорба

Јанкуловски: Боли што не можеме да се разбереме, немаме комуникација, нема слушање, нема почитување на мерки

Влатко Зорба

Богојески: Злоупотреба на деца во политичка кампања!

Влатко Зорба