СТАВ

Јанкуловски: Пред да протестирате, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора и прашајте се: Што правам бе јас?!?!?

Ова подолу напишаново е искуство. Освен за оние што ќе протестираат. За нив веројатно е тресење зелени.

Утро, негде околу 8 саат.

Почнуваш со процедурата: ставаш маска, ракавици 3 пара, скафандер. Проверуваш стопати дали си како што треба облечен. Проверуваш уште стопати дали имаш се што ти треба.

Влегуваш во кола и одиш на дестинација.

Кој стан? 24. Спрат? Петти. Лифт имате? Не. Јбг Пиги 🙁

Доаѓаш пред зграда, внимателно излегуваш од кола, се доопремуваш со визир /заштитни наочари, проверуваш 45 пати дали е се како што треба за твоја заштита. За заштита и на твоите дома. Ок.

Одиш пешки на петти спрат, колената ти се крш, ама тие сега не се ни под точка разно. Стигаш пред вратата со замаглен визир, ти треба некоја минута да земеш воздух. Ок, може.

Ѕвониш. Отвара девојка на 30-тина години, гледаш дека не е баш океј.

Како сте? Лошо, се ме боли, имам 2-3 дена температура, цела снага ми е лом, секое ковче ме боли. Добро што дојдовте, да видиме дали е вирусов па да знаеме што понатаму. Можеби и на Инфективна ќе треба да одам. (ја гледам девојкава, измачена, тешко се движи, ликот и е уморен, со насолзени очи ама се труди и максимално соработува)

Ајде, викаме со колегата, ќе помине се, па и да треба да одиш на клиника, секогаш е подобро за се кога си на лице место а таму персоналот е одличен, ама дај боже да не е коронава.

Се враќаме во колата со максимална концентрација за протоколот, секој чекор е и тоа како битен да не биде ништо згрешено. Во мислите ни е девојката.

Не знам што бидна со неа, цело време држам палци, се надевам дека е во најдобар ред и дека ќе го чита ова. Искрено посакувам да видам некој нов непознат like, а ќе знам ако е таа.

Одете протестирајте затоа што коронава е лага, ова горе напишаново што го доживеавме со колегата е измислено, фантазија, ние можеби и не постоиме а вие сте всушност совесните.

Ама пред да одите застанете пред огледало, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора и прашајте се едно прашање: Што правам бе јас?!?!?

ФБ статус на Денис Јанкуловски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Вакви неодговорни пробисвети оваа држава не памети

Влатко Зорба

Васиљ: Напорот и искрената борба против „домашното“ зло се исплатеше со победа

Влатко Зорба

Наумовски: Нели е детски да ја прекинуваш играта ако ти не учествуваш?

Влатко Зорба

Јовановиќ: На теории на заговор, пак, или на лажни вести и на хистерија, Заев не може да го рушат

Влатко Зорба

Цветанов: ДПМНЕ сакаат да ја вратат омразата помеѓу народот

Влатко Зорба

Петкоски: Нема натпревар на идеи на политичката сцена

Влатко Зорба