СТАВ

Јанкуловски: Само затоа што е заразен го бркате од неговиот дом?

Иако ја знам средината во којашто живеам, иако искуството претходно ми укажуваше дека се води кон тоа сепак некако се надевав дека нема до тоа да дојде.

Дојде……за жал 🙁

Петиција за заразениот со корона вирус да се исели од нивната зграда (не ја знам точната локација, не ни сакам да шпекулирам мада не е ни битно затоа што случкава е вистинита). Па дали сте нормални бре?!?! И уште еднаш, болдирано со фонт 2000, и италик и подвлечено и со сите бои и во сите фонтови:

ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ???

Како воопшто можете да помислите на вакво нешто? Само затоа што е заразен го бркате од неговиот дом? Вашиот комшија со кого до вчера си посакувавте убав ден, комшијата кој редовно си плаќа сметки за да можете заедно да имате чиста зграда, да имате лифт што работи за да не одите пешки, да се одржува хигиената редовно? Сега тој комшија кој се заразил на некој начин (што не е ни битно кога, како и каде), комшија кому му е потребна поддршка за побрзо оздравување, сега наеднаш тој комшија е злото во вашиот влез? Сакате да го избркате и да го фрлите на буниште?

Не, драги мои себичњаци, злото е во вас влезено, вие сте злото. Дали сте помислиле дека можеби во ситуација како неговата може да се најдете и вие, вашите деца, вашите внуци? Дали сакате и нив ова да им се случува како на вашиот комшија? Дали ако се зарази некој од вашиот дом, да речеме вашиот партнер, дали ќе напишете петиција за негово бркање од зградата? Абре алооооооо, чавките ли ви ги испиле мозоците?
Дајте вклучете ги барем малку, размислeте за целава ситуација, размислeте дали комшијата треба да гори на клада? Размислете дека секогаш постои опасност од зараза и преносливост.

И? На секое ќе пишувате петиции да се избркаат овие „штетници“?? Тоа сакате?

Епа купете си стаклено ѕвоно, ставете најдебел слој на изолација на цел стан, да речеме едно 6 метра, па додадете плус фолија на тоа, па стаклена волна, па купете едно 700кг брашно и 3498 тоалетни и 67000 парчиња свеж квасец и тогаш не ви останува ништо друго освен ДА ЖИВЕЕТЕ СЛОБОДНО!

А дотогаш потсетете се на зборовите на вашите родители кои после земјотресот `63 гордо и со полно срце извикуваа:

СКОПЈЕ Е СОЛИДАРЕН ГРАД!

Немојте да се обидувате да го погазите ова, впрочем ние нема ни да ви дозволиме.

Седете дома, бидете комшии

ФБ статус на Денис Јанкуловски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Најчевска: Сега да се донесе уредба со законска сила за испитување на потеклото на имотот

Влатко Зорба

Лукароски: За оние 31 пратеник од ДПМНЕ што не гласале за законот, ниту збор… Ниту прекор, ниту критика, ниту потсмев…Неутралци???

Влатко Зорба

Мехмети: 100-0 губите дечки од ВМРО

Влатко Зорба

Тричковски: Со членството на Македонија во НАТО, дефинитивно е поразена историската мисија на ВМРО

Влатко Зорба

Сарачини: Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО

Влатко Зорба

Божиновски: „Ми е гајле, не е на татко ми ова” е симптом на ова сиромашно и материјално и духовно општество

Влатко Зорба