СТАВ

Јордановска: Лупнете ја малку главата од ѕид и сфатете дека секој од вас има одговорност

Цел ден, меѓу мои пријатели кои ги сметам за општествено одговорни луѓе, гледам како ја споделуваат оваа фотографија од СЗО, како доказ дека ниту Светската здравствена организација не почитува физичка дистанца.

Фотографијата е од јануари/февруари (секако пред неколку месеци), кога се уште немаше доволно информации за коронавирусот, ниту пак во протоколите беше внесена физичката дистанца како мерка за превенција. На втората фотографија може да се види како се држат состаноците на СЗО сега, кои патем се пренесуваат во живо.

Не знам дали сте свесни дека во вакви ситуации социјалните медиуми се фактички медиум, и дека секој е одговорен за ширењето лажни вести. А да претставувате стара фотографија како да е нова, е еднакво на лажна вест. Што сакате да постигнете со ова не ми е јасно, освен да предизвикате уште поголема катастрофа од онаа што сега ја сведочиме.

Лупнете ја малку главата од ѕид и сфатете дека секој од вас има одговорност во вакви ситуации. Можете да не верувате во коронавирусот, можете да се сомневате во светски заговори, можете да верувате во 5G и казни од господ и што не, ама луѓе бре, употребете мозок.

ФБ статус на Мери Јордановска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Стеријовска: И двете страни сосема ненамерно ја позиционира Шарена револуција светлосни години далеку од себе

Влатко Зорба

Дескоска: Штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство очигледен е очајот и стравот на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Јовановиќ: Аферата Рекет е вмровска ујдурма

Влатко Зорба

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата“ на ВМРО- ДПМНЕ

Влатко Зорба

Протуѓер: Кога зборува фрустрацијата наместо разумот, решение е тешко можно

Влатко Зорба

Петровски: Куманово се повеќе наликува на “жртвено јагне„!

Влатко Зорба