СТАВ

Јордановска: Сега најточно го сфаќам зборот „не при свест“

Мислам дека како никогаш досега, се немам толку разочарано од луѓето во оваа држава. Сега најточно го сфаќам зборот „не при свест“.
Маската за еднократна употреба служи само кога влегуваш во маркет или аптека, и тоа од поголемите, каде што има редари, па ептен мораш.

Ја вадиш од заден џеб и ја ставаш, па макар и била со дупка. Може и под нос, секако.

Дистанца – никако. Што поблиску се стиснете на клупите пред зграда, по можност да сте над 20 и да муабетите, тоа подобро. После во лифт напикајте се дур не се заглави, исто така без маски.

За миење раце не знам, ваљда ги миете (?!).

Отсекогаш сум одбивала да генерализирам, ама овојпат комотно можам да кажам дека ние сме дефинитивно луѓе без грам свест.

Шетам низ маало, секоја втора продавница е затворена. Ваљда ги гледате додека муабетите гушнати со комшиите додека си дишете во врат. Уништен е речиси секој бизнис на мои познати. Во последниве 2 дена медицински сестри и доктори се сликаат со торбите в рака, од други градови и доаѓаат да помогнат – оставија дома семејства и ризикуваат здравје, за да прегледаат и лечат по речиси 200 луѓе дневно. За постојниот медицински персонал, воопшто да не коментирам – МОЛАТ, буквално молат да ги поштедиме ако можеме.

Јас не знам како не ви доаѓа да ставите маска каде и да сте. Не ми е јасно. Не знам како не ви доаѓа малку бре да се оддалечите додека зборувате! Не знам како не ви проработува мозочната ќелија која повикува на колективна свест.

Не сме Италија, не сме ни Шведска! Знаете точно каде живееме.

И не ми мешајте политика! Одговорноста е на сите страни, ама преземете ја својата.

ФБ статус на Мери Јордановска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Алексиќ: Не умееме да бидеме СРЕЌНИ

Влатко Зорба

Димитриев: Дел од оние што денес се гордеат со полската болница, тогаш критикуваа

Влатко Зорба

Димитров: Зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа „ЗА“ НАТО членството на Северна Македонија?

Влатко Зорба

Ангеловска: Илинден е доказ дека цврстата визија, цели и идеали, градат големи работи

Влатко Зорба

Јовановиќ: Филипче доста добро се справува со корона-кризава

Влатко Зорба

Вангелов: И преку епидемијата на површина излезе длабоката поларизираност на населението