СТАВ

Јордановска: Термини за тестирање на државно нема, седиш со симптоми и не знаеш дали е настинка или корона

Термини за тестирање за Ковид-19 на државно НЕМА. Едноставно, НЕМА. Седиш со симптоми 3 дена, не знаеш дали е настинка, дали е грип, дали е корона. Ниту матичниот не може да одреди, освен доколку изгубиш осет за мирис и за вкус, па седиш дома, пиеш табаско сос и душкаш се низ станот, па чекаш евентуално сабота да се види дали ќе се ослободи термин во Тетово или во Куманово.

Пари за приватно тестирање немаш. Четири илјади денари за некои луѓе се многу! Домашните не знаат дали треба да се изолираат или да продолжат да си одат на работа. ТИ самиот не знаеш дали треба да се изолираш.

Зборувајте ми за маски на отворено и за скратување на работното време на кафичите за еден саат. Џабе е се, ако го немаш ОСНОВНОТО ПРАВО на здравствена заштита.

Приватните лаборатории мора да ја намалат цената за тестирање, а право на тестирање МОРА првично да имаат лицата кои развиваат симптоми. Да не се чудиме после од каде толкава смртност! Касно се јавувале – па нормално дека касно ќе се јавуваат кога нема еден факинг термин и треба да чекаш 8 дена, додека не зоврие па да те хоспитализираат.

А дури сега, кога ќе почнат настинките и гриповите не чека најголемиот хаос! Системот ни е пред колапс, секако, освен за богатите и за оние со врски, па можат комотно сите од едно домаќинство да си лупнат 16.000 и да си добијат резултати, па и подобар третман.

Зборувајте ми за одговорно однесување, но во оваа држава и да сакаш, не можеш одговорно да се однесуваш. Зашто во ваков хаос веќе не знаеш ни што е одговорност, а што криминал.

И не ми нудете врски за тестирање, ве молам. Уште толку ќе ми ја потврдите веродостојноста на статусов.

ФБ статус на Мери Јордановска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Ориѓански: Нема професија која Македонецот не ја познава совршено добро

Влатко Зорба

Јовановиќ: Не може граѓаните да бидат жртви и заложници на еден конфузен и безидеен политичар

Најчевска: Сега разбирам зошто го сакаат Апасиев

Влатко Зорба

Рамадани: Три забелешки за дополнителните мерки

Влатко Зорба

Вангелов: Што е проблематично во тезите на Малески?

Влатко Зорба

Мишолиќ: Апсурдно е Мизрахи да го истакнува своето еврејство, и да се обидува да изигрува жртва на таа карта

Влатко Зорба