СТАВ

Јордановска: За демократија е потребно граѓанство со изградена зрелост и силен карактер

За сите кои толку многу се најдоа погодени од новите ригорозни мерки кои наликувале на „тиранија, а не на демократија“. Ситуацијава ме потсети на еден извадок од книга кој точно ми се пресликува во даденава ситуација.

„Демократиите се сочинети така да ја одразуваат волјата на луѓето. А веќе имаме научено дека луѓето, кога се оставени сами на себе, инстинктивно бегаат од болката и се трудат да се доближат до среќата. А проблемот што произлегува од тоа кога луѓето ќе ја достигнат среќата, е тоа што таа, едноставно, никогаш не е доволна.

Желбите растат паралелно со квалитетот на условите во кој се наоѓа секој.

Така, по извесно време, институциите стануваат неспособни да го одржуваат чекорот со желбите на народот. А кога институциите не успеваат да го одржуваат посакуваното ниво на среќа кај народот – погодете што се случува. Народот почнува за тоа да ги обвинува токму самите институции.

Платон вели дека демократиите неминовно делуваат до пад на моралот, затоа што во колку поголема мера народот се впушта во обрасците на модалитетите на лажната слобода, дотолку повеќе вредностите на луѓето опаѓаат во квалитет и тие стануваат подетинести и самобендисани, што доведува до тоа граѓанството да се побуни да се крене против самиот демократски систем.

А кога луѓето преземаат вредности што се својствени за децата, тие веќе не сакаат да преговараат за моќ, не сакаат да се спогодуваат со други групи и религии, не сакаат да издржуваат болка заради поголема слобода или напредок. Она што тие тогаш го сакаат е силен водач кој веднаш ќе стапи на сцената и ќе ги суреди работите. Луѓето тогаш посакуваат тиранин.

Демократијата може да постои само во услови кога можеш да толерираш гледишта што им се спротивставени на твоите, кога си подготвен да се откажеш од некои нешта што можеби ги сакаш заради безбедноста и здравјето на заедницата, кога си подготвен за компромис и прифаќање на тоа дека понекогаш работите не одат онака како што ти имаш замислено.

Кажано поинаку – за демократија е потребно граѓанство со изградена зрелост и силен карактер.“

ФБ статус на Мери Јордановска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Арсовска: Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство

Влатко Зорба

Сарачини: Разликата меѓу нормалноста и лудилото станува уште повидлива во битката со коронавирусот

Влатко Зорба

Јанески: Кажете им на верниците дека 5G антените се скриени во уличните светилки најчесто околу црквите

Влатко Зорба

Бошкова – Мицевска: Како Македонец замислува правда?

Ристевски: Тест за човештвото

Влатко Зорба

Спасов: Милошоски отворен како „пупка“

Влатко Зорба