СТАВ

Јовановиќ: 7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки

1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?

2. Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?

3. Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?

4. Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?

5. Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?

6. Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?

7. Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Лазаревски: Супер (не)правични мерки

Влатко Зорба

Сугарески: олидарноста не се учи, ниту може да се одглуми

Влатко Зорба

Жерновски: Претпладне критики за короната, попладне митинзи

Влатко Зорба

Костова: Оркестрираната онлајн хајка само нè потсети сите каде и со кого живееме.

Тричковски: Раденска две срца

Сарачини: Изворот на кризата

Влатко Зорба