СТАВ

Јовановиќ: Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација

Не знам дали Министерката за финансии знаеле дека банката ќе оди во стечај кога ги повлекла парите. Не имплицирам дека знаела, си има државни органи кои треба да утврдат дали е така.

Но, доколку знаела, не смеела да го направи тоа. Не само таа, туку било кој друг државен функционер. Тоа е искористување на службената положба за остварување на личен интерес, што е дефиниција за корупција.

И ова не го кажувам за да ја нападнам Министерката. Такво нешто на крајот на нејзиниот мандат е апсолутно бескорисно.

Ова го кажувам за сите нови функционери, кои ќе бидат именувани со новата Влада, да бидат свесни за ова и да внимаваат на своето однесување.

Да, доколку „обичен“ граѓанин дознае дека некоја банка ќе се затвори, тој има легитимно право да се обиде да ги повлече парите од банката.

Но не и државните функционери. Штом ќе стапат на државна функција тие веќе не се „обични“ граѓани. Тие се слуги на народот, тие се јавни службеници и не можат да се однесуваат како и „обичните“ граѓани. Тие мора да бидат спремни да направат лична жртва во интерес на јавното добро.

Тоа е цената на јавната функција – да го ставиш личниот интерес на страна и да работиш за другите, а не за себе.

И секој што не го сфаќа ова, не е за државна функција. Државните функции се за луѓе кои се спремни да му служат на јавниот интерес, да работат за општото добро, да се жртвуваат за државата, а не за луѓе кои гледаат како да остварат лична корист од секоја ситуација.

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Битно е КОЈ си, а не ШТО си

Влатко Зорба

Мишолиќ: Апсурдно е Мизрахи да го истакнува своето еврејство, и да се обидува да изигрува жртва на таа карта

Влатко Зорба

Цветанов: ДПМНЕ сакаат да ја вратат омразата помеѓу народот

Влатко Зорба

Деспотовски: Компаниите кои средства од ФИТР бесплатно да ги понудат своите содржини

Влатко Зорба

Лукаровски: Зошто ДПМНЕ не поднесува амандмани на Законот за ЈО, а вели дека не е добар ваков каков што е предложен

Влатко Зорба

Мицковски: Партија во вакви моменти не треба да постои

Влатко Зорба