СТАВ

Јовановиќ: Од нас зависи дали соседите ќе ги гледаме како пријатели или како душмани

Од една страна, практично до вчера, ние 27 години гаевме отворено непријателство со Грците, се џилитевме едни со други, се силевме и си пркосевме со безвезни меѓукомшиски прашања, па ни задаваа блокади и вето; од друга страна, денес во Атина се разговара за соработка и проекти кои ќе опфаќаат природен гас за нашата земја која ќе стане точка за дистрибуирање до сите земји во регионот.

Гледате? Од нас зависи дали соседите ќе ги гледаме како пријатели и сојузници или ќе ги гледаме како непријатели и душмани. Ако се гледаме низ нишан, лошо ќе се случи за двете страни; ако се гледаме како пријатели и сојузници, само добро може да се случи.

Тоа се најелементарните лекции во политиката (и животите) на соседските народи.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Илиевски: Верските објекти мора да бидат затворени

Влатко Зорба

Спировска: За да ги разбереме и почитуваме предлог мерките ни требаат одговори на неколку прашања

Влатко Зорба

Божиновски: Вашето право на движење не е поголемо од нечие право на живот

Влатко Зорба

Тунева: Случајот со Филан Митрев уште еднаш потврди колку е широка челуста на малограѓанштината во оваа држава

Влатко Зорба

Сарачини: Лудаците ќе тропнат и на ваша врата

Сарачини: За време на кризата со корона-вирусот, и вирусот на лудилото ни се појавува се почесто и погласно

Влатко Зорба