СТАВ

Јовановиќ: Ова е земање од сиромашни, давање на богати

Инаку, Кромберг & Шуберт, која сега доби државна помош од 1,2 милиони евра, во 2018 имала нето добивка од 3,9 милиони евра, а е ослободена и од даноци.

Систина на Камчев, која доби помош од 142.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 4,1 милиони евра, а од државата добила и 17 милиони евра годишно по разни основи.

Брако на Анѓушев, која доби помош од 106.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 1,3 милиони евра, а на работниците им плаќала просечна плата од 280 евра.

Од друга страна, малите фирми ќе се прашуваат дали вооопшто и ќе добијат помош, работниците кои останаа без работа ќе добијат надоместок од една плата, а невработените ќе добијат платежна картичка од 150 евра. И ќе плаќаат повисоки акцизи.

Ова е олигархија. Ова е заробена економија. Ова е земање од сиромашни, давање на богати. Ова сме ние во последните 30 години.

Сè додека не почнеме да ги менуваме овие работи, ништо суштински нема да се смени во државава.

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Лазаревски: Денес и велиме збогум на дупката наречена Западен Балкан

Влатко Зорба

Жерновски: Битно е КОЈ си, а не ШТО си

Влатко Зорба

Вангелов: Што е проблематично во тезите на Малески?

Влатко Зорба

Сугарески: олидарноста не се учи, ниту може да се одглуми

Влатко Зорба

Ориѓански: Живот, над се !!!

Влатко Зорба

Марковска: На толку изместени постулати, нормално дека нормалното ќе стане ненормално…

Влатко Зорба