СТАВ

Јовановиќ: Сите Албански партии треба да влезат во владата на Заев

Го слушам ДУИ, гo читам Ахмети кајшто вели, за мој вкус многу цинично: „преговорите може да почнат“, а таквата реченица ми sвецка во ушите филмски: let the games begin. Прво, важно е да се каже дека не треба да се работи за преговори, туку треба да се работи за свест. Свеста е таа со која се преговара, а не се преговара со Заев, „ја тебе ова, ти мене тоа, кумашине“.

Имено, еве на што точно мислам. Резултатот е 46 наспроти 44; тоа ни кажува прво – за оние кои изгубиле кондиција – Северна Македонија е демократска земја. Второ, во тиранија или диктатура резултатот е ужасно висок за власта. Се сеќавате какво мнозинство имаше Груевски? Се сеќавата како работеше Собранискиот терор до пред некоја година?

Трето, ДУИ, Алијанса, Алтернатива и ДПА треба да си влезат во новата влада на Заев. Ако им е до граѓаните Албанци и нивниот живот во оваа земја, тогаш сите албански партии треба да влезат во новата влада. Без мавање од земја и без тешки трговии.

И последно: институциите треба да се јакнат, општествено-политичката клима мора да се релаксира, коронавирусот мора да се санира и ублажи; времето кое не чека во иднина ќе биде драматично. Некои предвидувања велат и’ дека корона кризата е генерална проба за драмата која не чека после 2024 година.

Така што, не чека тешко време. А во тешки времиња треба малку повеќе меѓусебна доверба во политиката од идиотскиот и глупав личен интерес на својата партија или својата интересна групација.

Без верба во политиките, без верба во целите, бесмислено е било што во животот. А посебно бесмислена е политиката. Сите Албански партии треба да влезат во владата на Заев. И треба да веруваат во политиките за кои ќе постојат и ќе делуваат во новата влада.

Верба, а не sвонци и прапорци!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановски: Во Холандија се чувствував исплашено и несигурно, најискрено се чувствувам побезбедно тука

Влатко Зорба

Најчевска: ДУИ е банда на криминалци кои ги држат во заробеништво сите граѓани во Македонија

Влатко Зорба

Мицковски: Партија во вакви моменти не треба да постои

Влатко Зорба

Бошкова – Мицевска: Како Македонец замислува правда?

Петров: Додека едни ги почитуваат правилата, други си прават прослави и гордо изјавуваат дека КОВИД-19 не постои

Богојески: Слободни банки

Влатко Зорба