СТАВ

Јовановиќ: Тука сум. Тука сме. И ќе се бориме

Во оваа кампања јас со месеци наназад бев изложен на сета политичка „Сцила“ и „Харибда“. Со месеци наназад моето име (и презиме) го бербатеа разни десничарски и парадесничарски структури. Свесен дека на многу луѓе им сметам – со мојот глас (и стас!) – па тоа го користеа и се’ уште го користат против мене: кој сум, што сум, дали и која западна амбасада ме плаќа, чиј сум шпиун, чиј сум предавник…

Притоа, многу луѓе забораваат (а голем број немаат ниту појма) дека јас имав директни и „воени искуства“ со врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски. Ме гонеа со тужби, ме одведоа на суд, ми се закануваа телефонски, ме плукаа и провоцираа по улици, ме гонеше финансиско разузнавање заради невладината организација што ја отворивме со неколку пријатели и истомисленици во тоа време. И ден денес се’ уште ме гонат.

Невозможно е мене да ме запрат да пишувам, невозможно е да бидам цензуриран или автоцензуриран, затоа што така ќе треба да го убијат моето политичко и животно искуство.

Имено, јас сум Self Made, потполно се вклопувам во неолибералниот наратив, притоа, не е ништо чудно ако завршам како Леонардо Ди Каприо во филмот „Волкот од Волстрит“ (смех!).

На СДСМ „локално“, како и на СДСМ „централно“, им помогнав затоа што сакав и затоа што верував. Попатно, им помогнав “free of charge”. Не сум се договарал за позиција, раководно место или да бидам некаков „баја во државата“. Јас сум офицер и џентламен (смех!), ако ме разбирате што сакам да кажам. Што значи, прво правам работи, а потоа размислувам за последиците (смех!).

Останувам со наративите и вредностите на СДСМ се’ додека тие наративи се важни и политички потентни: социјална правда, заштита на малцинства, заштита на Другоста и Различноста, инклузивност, Eвропа, ненационализам, слобода, антифашизам имплицитно разбран како однос против насилството…

На крајот, заради моите ставови и мисловни реченици, свесен сум дека попатно залепив многу политички непријатели, оти нели – јас сум бележито магаре; или што би рекол Сер. Винстон Черчил, „те мразат, добро, значи дека во нешто веруваш“. А на моите душмани сакам да им порачам дека јас сум човек восхитен од слободата во сите нејзини агрегатни состојби.

Знам, на овие мои зборови ќе се налутат робовите и неслободните луѓе. Ама тоа не мој проблем.

Тука сум. Тука сме. И ќе се бориме. За она во што веруваме и љубиме. Па, јеби га, кој жив, а кој мртов.

Ви благодарам на вниманието.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Левица е водена од класичен диктатор кој ја презема партијата со фалсификат

Влатко Зорба

Сугарески: олидарноста не се учи, ниту може да се одглуми

Влатко Зорба

Силјановска: „НИКОЈ“ не може да стане „НЕКОЈ“!

Богојески: Да бидеме на чисто!

Влатко Зорба

Лазаров: После ви е крива инспекција, полиција, здравство, сѐ ви е криво за вашиот личен неуспех ко родители

Влатко Зорба

Протугер: Бомбите уште поилустративно ни го претставија примитивизмот кој е на политичката сцена

Влатко Зорба