СТАВ

Јовановиќ: „Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка по повеќе основи

„Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи.

1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.

2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.

3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.

4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.

Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа.

Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема.

ФБ статус на Бранимир Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Тричковски: Битка со лагата

Влатко Зорба

Петров: Ерата на себеперцепција на жртва официјално завршува

Влатко Зорба

Мехмети: Пробаа да ги убијат претениците само за да си ја зачуваат власта

Влатко Зорба

Божиновски: Ќе голтаме ѓубре додека не се угушиме или додека не свртиме нов лист

Влатко Зорба

Кекеновски: Старата римска традиција во македонски услови

Влатко Зорба

Лазаревски: Супер (не)правични мерки

Влатко Зорба