СТАВ

Јовановиќ: Заради таа негова амбиција, Мицкоски денес претставува опасност за оваа држава и нејзините граѓани

Оваа земја, оваа држава, покрај сите препирки на Мицкоски дека се случува кастрофа, дека се случува хаос, некомпетенција, незнаење, велам, ако ги занемариме неговите хистерии заради неговата лична амбиција да биде премиер, прво, граѓаните – што е најважно – веруваат во здравствениот систем и министерот Филипче; друго, исто така важно, владата која, практично ја чини државата, велам, покажа исклучителен степен на спремност, исклучителен степен на рационалност, смиреност, веродостојност, вредно работат на намалување и превенција на штетата предизвикана од коронавирусот, и во таа смисла, сите можеме да бидеме задоволни и горди.

Од друга страна, покрај сите проблеми, ние денес имаме пријатели. Северна Македонија има пријатели во светот, оваа земја не е повеќе пуст остров оставен сам на себе; ние денес имаме пријатели на важни места во светот: влезот во НАТО е само почеток; попатно, успеавме да стекнеме некои лични пријателства и некои државни, стратешки партнерства кои во овој момент навистина живот значат.

А тоа што Мицкоски не може да се јави никаде, ниту како личност, ниту како партија, тоа е негов личен проблем. И тоа што сака да биде премиер, исто така е само негов личен проблем. Заради таа негова амбиција, Мицкоски денес претставува опасност за оваа држава и нејзините граѓани.

Па, од свое име, како граѓанин, сакам да апелирам да не се слушаат никакви совети на опозицијата, да не се читаат нивните лажни вести, конструкции и медиумски конфабулации.

Да ги следиме официјалните институции и препораките на стручните луѓе од институциите, а не армијата од идиоти кои ниту нешто гледаат, ниту нешто разбираат. А опасноста лежи во тоа што опозицијата сака да произведе паника на начин што се обидува да ги лаже граѓаните, што се обидува да пласира лажни вести. И јас мислам, за крај, дека таквите вести треба да се санкционираат. И молим лепо.

Ако е вонредна состојба, тогаш е вонредна состојба. И не може некој да шири хистерија и паника помеѓу граѓаните. Не може. Срамно е, нефер е, гадно е, штетно е. На никому тоа не носи корист. На никому.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Го слушам Мицкоски, чека пратка во понеделник од диктаторот Орбан, ама му е срам да каже

Влатко Зорба

Пировска: Поддршка за Бурнс и сите жени жртви на порталот „Доказ“

Реџепи: Центарот на Скопје не личи на ништо после ајдучкиот проект на Грујо, а не па Чаршијата

Влатко Зорба

Шакири: Ние сме повеќето не толку необразована, колку што сме проста маса

Влатко Зорба

Тричковски: Со членството на Македонија во НАТО, дефинитивно е поразена историската мисија на ВМРО

Влатко Зорба

Забрчанец: Митинзи не смее да има!