Јовановиќ
СТАВ

Јовановиќ: Мицкоски не може да биде алтернатива на Заев и луѓето кои денес ја претставуваат владата

Сам си нарачал интервју, сам си го одговорил за “Прес 24”. Имено, во интервјуто Мицкоски има неколку општи места: “Заев”, па вели “нема правда”, па вели “Зоран Заев”, па вели “нема правда”, па вели “јас кога ќе бидам премиер”, па вели “јас во мојата влада”, па вели “Заев”, па вели “Зоран Заев”, па повторно вели “Заев”, па вели “јас, јас, јас”.

Мицкоски…

Тука сме, а Мицкоски тоа не го разбира, да ја испратиме куклената претстава на Груевски во буништето на историјата. Тука сме, а тоа Мицкоски не го разбира – не може да се повикува на правда и корупција, а притоа нивната бела палата да е најбогато-испљачканата палата во историјата на оваа земја. Тука сме, а тоа Мицкоски не го разбира, дека не може да биде алтернатива на Заев и овие луѓе кои денес ја претставуваат владата. Не може, а тоа Мицкоски не го разбира, Македонија повторно да биде конзерва. Не може.

Тука сме за Мицкоски да сфати дека треба да се врати на факултет, да се приземји, да се спушти во реалноста, и тука сме да му кажеме дека премиер не може да биде. А не може да биде затоа што опљачкаа се’, не понижија во се’, не прислушуваа со се’, не затвараа, не тужеа, не гонеа, не иследуваа, не лустрираа, ни ја зедоа слободата.

На 12 април доаѓа дополнителна наплата за сите монструозни години што им ги пружија на сите граѓани, државјани на оваа наша тажна и длабоко несреќна земја.

На 12 април доаѓаме Груевски да си го вратиме дома. Оти овде му е местото. Во неговата татковина за која толку многу се трудеше да ја направи “среќна” и “просперитетна”. На 12 април оваа земја уште еднаш ќе докаже дека се наоѓа на вистинскиот пат.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Џигал: Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата

Влатко Зорба

Жарко Трајаноски: Како се препознаваат лажни патриот(к)и?

Stefanija Kuzmanovska

Петров: Во каква земја сакаме да живееме?

Влатко Зорба

Васиљ: Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжат со Мицкоски, ќе нема дно кое нема да го допрат

Никола Поповски

Тричковски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа како фасада

Влатко Зорба

Мицевски: Ми се јавија да ги бранам тепачите, им затворив слушалка

Влатко Зорба