СТАВ

Јовановски: Во Холандија се чувствував исплашено и несигурно, најискрено се чувствувам побезбедно тука

Денес долетав во Скопје од Амстердам, и сакам да ви направам споредба на ситуацијата тука и таму:

Во самиот град сè работи, барови, ресторани и клубови. Дури пред некој ден дојде забрана за настани над 100 посетители. Нема официјална препорака за работа од дома, дел од фирмите само-иницијативно го почнаа тоа. На аеродромот никој од вработените не носеше маска, немаше дистанца меѓу луѓето, не се проверуваше за покачена телесна температура. Најголемата заштита беа ракавици.

Заболени во Холандија: 959 (300+ за два дена)

Кога слетав на аеродромот во Скопје, веднаш по последниот патник влезе екипа за дезинфекција на авионот. Во авионот пополнивме форма со контакт информации доколку треба да нè најдат каде сме. Сите вработени носеа маски и ракавици. Има скенер за покачена телесна температура, еден по еден поминувавме низ него (не беше ради реда ставен). Во градот е почнато со затворање на многу локали и едукативните установи, и има јасни препораки од министерството.

Заболени во Македонија: 18

Во Холандија јас се чувствував исплашено и несигурно, поради скоро-непостоечките официјални мерки.

Во Македонија, иако сме помала држава, мерките се покажуваат како успешни, а луѓето знаат дека се обидуваме да ја контролираме ситуацијата.

Често знам да давам строги критики кон политичари, но навистина морам да го пофалам целото Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Венко Филипче за транспарентниот пристап во ситуацијата. Најискрено, се чувствувам побезбедно тука.

Се гледаме за 14 дена, чим завршам со само-изолацијата.

ФБ статус на Горјан Јовановски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Жерновски: Стоп за старата политика на новиот будимпештанец

Влатко Зорба

Ангелковски: Мапата на ГДИ повеќе крева паника, отколку што смирува

Влатко Зорба

Мишолиќ: Вистински новинар нема потреба од „ставот“ на Ќулавкова

Влатко Зорба

Димитров: Кој е „ЗА“ Законот за ЈО гласа за правна и европска држава! Кој е „ПРОТИВ“ гласа за криминал

Влатко Зорба

Шакири: Изгледа вмровците многу се уплашиле од предизборната коалиција на СДСМ

Влатко Зорба

Ѓуров: Стиснете заби, јеб*ло ве и Водно и Градски парк, лигави и недисциплинирани ликови!

Влатко Зорба