СТАВ

Кекеновски: ДУИ нема никаква шанса да биде победник на изборите кај албанското гласачко тело

ДУИ мошне надмено и агресивно јавно инсистираше на почитување на антиуставниот Мајски договор склучен во четири очи помеѓу Груевски и Ахмети.

Во ситуација кога СДСМ прерасна во мултиетничка партија во која не само што има членови од албанската етничка заедница туку и на овие избори коалицира и со албански политички партии, а имајки ја во предвид и коалицијата на албанските партии Алијанса и Алтернатива, станува се појасно дека ДУИ нема никаква шанса да биде победник на изборите кај албанското гласачко тело.

Во една ваква ситуација кога реално се очекува СДСМ на изборите да освои повеќе гласови од ДУИ и од коалицијата Алијанса-Алтернатива, Заев може да им ја исполни желбата на дуиџиите (впрочем да си игра, игра со нив) и слободно да коалицира со партијата која е победник кај македонското и останатото гласачо тело.

Затоа откако дуиџиите видоа дека со инистирање на Мајскиот договор си дале автогол поочнаа да ретерираат и да најавуваат можна соработка со СДСМ и Беса по изборите.

Не туку така постарите рекле ,,кој високо лета…одлетува.

ФБ статус на Јове Кекеновски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Сарачини: Разликата меѓу нормалноста и лудилото станува уште повидлива во битката со коронавирусот

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ако им се удоволат барањата на коморите, државата целосно ќе крахира

Влатко Зорба

Смаиловиќ: Ако Рамазанот седевме дома и Бајрам ќе можеме да седиме дома и да се придржуваме до препораките

Жерновски: Стоп за старата политика на новиот будимпештанец

Влатко Зорба

Панчевска: Не играјте пресс/друштвени игри со здравствените работници и населението

Stefanija Kuzmanovska

Милошески: Претставата во „белата палата“ само што не започнала

Влатко Зорба