СТАВ

Кежаровски: Велат правда, а мислат како да спасат криминалци од судска постапка

Ветувањето е толку лесно да се одржи, само треба да имаш на ум кога го даваш дали си во состојба да го исполниш…Јас, да, моето го исполнив…

На господинот Христијан Мицкоски му испратив книга…Затоа што нели го интересираше што се случи со истрагaта за сообраќајната несреќа во која загина Никола Младенов. Му ја подарив со надеж дека кога ќе ја прочита работите ќе му станат појасни…барем малку.

Јас го сторив своето. Сега чекам тој да се одважи и некого од нас, неправедно осудените (а ги има многу) кого било од случаите „Ликвидација“, „Детонатор“, „Шпион“, „Милка“… да не покани за да дебатираме на тема ПРАВДА И ПРАВДИНА, зборoви со кои тој и тие околу него толку лесно се расфрлаат во нивните настапи како да се штогоде.

Очигледен е фактот дека тоа што не ја зборуваат вистината, ним не им значи баш ништо сериозно. Можеби тоа им е сосема нормално. Како да се подразбира дека е природно да зборуваш во празно, без каква било одговорност за кажаниот збор…

Велат правда, а мислат како да спасат криминалци од судска постапка…Велат правда, а со нив кројат планови за други криминални потфати.

Туку, една шпанска поговорка вели: Која на крадецот му гледа низ прсти и самиот е крадец…

П.С: Г-не Мицкоски не барајте да се соочите со политичките противкандидати. Не треба ниту еднаш да полемизирате со нив за ПРАВДА И ПРАВДИНА. Треба да се соочите со нас или со дел од нас политички монтираните случаи.

ФБ статус на Томислав Кежаровски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Цветанов: Додека земјоделците чесно и макотрпно го заработуваат секое парче леб, кадрите на ДПМНЕ ги рекетираат и уценуваат

Влатко Зорба

Богојески: Злоупотреба на деца во политичка кампања!

Влатко Зорба

Спасов: Милошоски отворен како „пупка“

Влатко Зорба

Спасов: Ахмети шири омраза

Влатко Зорба

Божиновски: Национализмот раѓа национализам

Влатко Зорба

Најчевска: Сега да се донесе уредба со законска сила за испитување на потеклото на имотот

Влатко Зорба