СТАВ

Колозова: Место да филозофирате со „менталитети“, гледајте кои политики функционираат

Молам со поимот „менталитет“ да не се расфрлаат политичари и Фејсбук јавност доколку не докторирале културни студии или културна антропологија во чиј курикулум се вклучени психологија и социологија. Само овде се џитка наоколу поимот „менталитет“ ко аргумент за кој не треба, пази, стручност, а на него темелат цела јавна политика. Тоа е маглив поим, без јасен референт, а за да го предвидите однесувањето на луѓето во дадена ситуација, треба да ја проучите споредбено ситуацијата во прашање.

Нашите луѓе, напротив, имаат дисциплина бидејќи најголем дел од животот го поминале во меки авторитаризми, имаат страв од државата а индивидуализмот не го ценат многу. Во првите недели народот беше совршено дисциплиниран, дури и кога 24 вести новинарката ги бркаше од клупи беа на соодветно растојание, откако се прогласија првите мерки на карантин ниту еден човек не ми се приближил повеќе од метар и пол.

Дури и младите што ги ловевте се подисциплинирани одошто на Запад (бтв, прекинете со иселенички саги како е „кај вас“… „кај вас“? и они биле тамошни), знаеме да читаме на странски јазици и има интернет. За крај, никаде, никаде нема апсолутна дисциплина и секаде мора да ПРЕВЕНИРА полиција.

Желбата за апсолутна контрола е авторитарна. Ништо не е апсолутно, па ни Духот на Хегел. Нема апсолутна, железна контрола на ништо. Апсолути не постојат. Затоа место да филозофирате со „менталитети“ (ко Наќе „менталитетологот“), гледајте кои *политики функционираат*: францускиот модел кој овозможува листа на исклучоци, вкупно дава помалку часови надвор на дневно и неделно ниво од примитивниот наш полициски час.

И не, не му веруваат на „менталитетот“: со секоја атестација за излез и наведено време и растојание добивате код по кој ќе ве фати или не полиција. И, да повторам, тоа е толку проста апликација, кодот е нешто ко оние Стопанска банка што ви ги генерира за онлајн плаќања – никаква посебна инвестиција. Повторувам, бидејќи не излегуваат и не седат сите дома во исто време – нема гужви, и никој не е сегрегиран и дискриминиран.

По математиките вчера што ги направив, ако се тргнат на страна неопходни семејни обврски и работа, дневно се МАКСИМУМ два часа надвор или ич. И собирајте тоа ѓубрето да не умреме од лепра на крај.

ФБ статус на Катерина Колозова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Арсовска: Ептен е солидарна олигархијата, најдоа решение на грб на сите граѓани и малото стопанство

Влатко Зорба

Тричковски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа како фасада

Влатко Зорба

Ристиќ: Со неодговорност, од полицијата може ќе се скриеме, но од вирусот не!

Влатко Зорба

Мишолиќ: На Наќе многу повеќе му се зборува кога прекршителот е од СДСМ

Влатко Зорба

Јовановиќ: Може Будимпешта да се пенави до утре, нереди и насилства никој нема да им дозволи

Богојески: Мицкоски ревносно ги исполни сите задачи кои ги доби од господата Груевски, Мијалков и Протугер

Влатко Зорба