СТАВ

Кордалов: Да не дозволиме личните и партиските интереси или пориви да ни бидат пред хуманоста и човечноста

Полека изминува продолжениот викенд кој посакувам побрзо да го заборавиме и оставиме зад нас. Но, не само заради големите бројки на директно погодени од коронавирусот, враќањето на политичко-етничките прашања високо на агендата или поради чуството на дискриминација, привилегираност и (оне)правденост.

Искрено се загрижив што на голема врата повторно можевме да слушнеме теми што мислев дека треба да се длабоко „закопани“ во минатото: поделеност на скопјани и внатрешност, на центарци и чаирчани, раздор и омраза по етничка и верска линија…

Жално и тажно. Вирусот не познава етникум, религија, па ниту партиска припадност. Коронавирусот не смее да носи поделби, туку сплотеност со цел да го победиме. А, што правиме – избегнуваме продавници и дуќани зашто таму работеле луѓе од етничка група различна од нашата. Стварно ли?

Чувствувам лична потреба да посочам дека ваквата комуникација и ваквите поделби се еднакво штетни како короната и со ништо не се разликуваат со неодамнешните обиди за поделби на „патриоти и предавници“ или „фиромјани и северџани“ итн.

Сабајле во 5 часот патарините ќе почнат да работат со полн ек. Од 5 часот наутро „ќе се отворат“ улиците и на нив ќе излезат сите – и оние што дословно го почитувавме карантинот или полицискиот час и оние што не бевме толку доследни.

Но, дали ќе продолжиме да бидеме луѓе, е тоа зависи од секој од нас. Да не дозволиме личните и партиските интереси или пориви да ни бидат пред хуманоста и човечноста. Верувам дека го можеме тоа!

П.С. Останувам доследен и не ги коментирам одлуките на здравствените авторитети и Комисијата за заразни болести бидејќи не сум компетентен на таа тема. Тоа секако не значи дека немам лично мислење и став, напротив и тоа како имам! Но, не сметам дека сум стручен да зборувам на таа темa. И токму ваквиот мој пристап го сметам како дополнителен придонес во борбата со коронавирусот. Повторувам: здравствен предизвик бара здравствено решение! Не политика, а уште помалку политикантство кое можевме викендов да го видиме речиси од сите политички чинители, без исклучок.

ФБ статус на Бојан Кордалов

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Сарачини: „Сумњиви“ експерти

Влатко Зорба

ON LINE/ON BOARD настава, или уште една изгубена година ??

Влатко Зорба

Јовановиќ: Уште на првата Собраниска седница ќе се вози филмот за враќање на 27-ми април 2017 година

Влатко Зорба

Сарачини: „Поларизација“ или нова епизода во вечната борба меѓу доборто и злото?

Берта Китинска

Бошњаковски: Доколку Мицкоски не формира Влада, сам да иницира процес за транзиција кон ново раководство

Влатко Зорба

Богојески: Влада 2020 – 2022

Влатко Зорба