СТАВ

Косотова: Државата конечно треба да го регулира секој аспект од функционирањето и работењето на религиозните институции

Државата да им помогнала на религиозните институции.

Истите религиозни институции чии лидери во ек на пандемија отворено и дрско поттикнуваат непочитување на мерките и ширење на заразата.
Тие со децении пропагираат назадни практики за угнетување на маргинализираните.

Наметнуваат свои привилегии и ги штитат лакомостите на другите вечно привилегирани инстанци.

Истите религиозни институции отворено работат на поделба на населението на основ на вера, ама и на основ на етникум.
Во самите свои редови ги дискриминираат и категоризираат верниците во помалку или повеќе заслужни за молитва, божја заштита или не знам што.

Имаат ценовници и скапо ги наплаќаат своите „услуги“ на верниците, а за огромните приходи ниту еднаш немаат платено данок.

Бедна и мизерна е таа лакомост на религиозните лидери, кои наместо да проповедаат мир, хармонија, наместо да им ја дадат духовната поддршка што им треба на верниците, отворија олкави усти за пари.

Ко малку да им се неоданочените милиони што ги напластуваат со децении.

Секако, со денешните испади си ги покажаа вистинските намери.

Нема ништо духовно или побожно во религиозните лидери, ниту, пак, во она што го пропагираат. Само алчност, лакомост и парољубие што си ги задоволуваат на грбот на наивните верници.

Од МПЦ велат најголемите приходи ги правеле за време на Велигден. Тие приходи ги земаат од народот, а за истите не ѝ даваат ни денар на државата.

Исто постапува и ИВЗ и секоја друга религиозна институција што со децении го ужива „прогледувањето низ прсти“ на државата.

Државата конечно треба да го регулира секој аспект од функционирањето и работењето на религиозните институции, особено финансискиот.

Дури потоа може да се разговара за државна помош.

ФБ статус на Кристина Костова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Тричковски: Битка со лагата

Влатко Зорба

Најчевска: Освојувањето пратенички места не е цел на партијата во чие основање учествувам, туку орадие за промена

Јовановиќ: Ова е земање од сиромашни, давање на богати

Жерновски: Европските лидери заедно со македонските граѓани!

Влатко Зорба

Јовановиќ: Ако влада ја назначила за министерка, владата да си ја отповика

Влатко Зорба

Мицевски: Ми се јавија да ги бранам тепачите, им затворив слушалка

Влатко Зорба