СТАВ

Костова: Сите треба да се свестат дека враќањето на старото едноставно не е одржливо

Во Австралија, во сојузната држава Викторија, е прогласена вонредна состојба и повторно се воведени поригорозни мерки за спречување на ширење на коронавирус, откако во изминатите два месеци бројката на нови случаи континуирано растеше.
Воведен е полициски час од 20:00 до 05:00 ч.

Единствена оправдана причина за напуштање на домот е за да се оди на работа, за здравствени причини (лекарски преглед и сл.) или за да се обезбеди грижа за некој близок.

На жителите на Мелбурн, главниот град на оваа сојузна држава, им е дозволено да пазаруваат на радиус од 5 километри од нивните домови. Кога се пазарува, тоа може да го прави само една личност, а не повеќемина од исто домаќинство истовремено.

Училиштата и дневните центри за грижа за деца и градинки повторно се затворени.

Вежбање и физички активности се дозволени само еден час.

Од среда се очекува да бидат затворени угостителските објекти и теретаните.

За да се осигураат дека овие мерки доследно се спроведуваат, властите ѝ даваат дополнителни и поголеми овластувања на полицијата.

Велат дека очекуваат со ограничување на движењето на нивните жители да го ограничат и понатамошното ширење на вирусот.

Се очекува мерките да бидат на сила најрано до 13 септември.

Инаку, на почетокот од случувањата поврзани со коронавирусот, во месеците март и април, Австралија важеше за земја која брзо се справува со коронавирусот. Затоа и кај нив периодот на карантин и ограничени движења траеше околу 6 недели, а угостителските објекти и училиштата после тоа беа отворени. Но, на почетокот случаите со коронавирус во Австралија беа, во најголем дел, дојденци од странство, а сега се резултат на локална трансмисија, поради што е многу потешко да се контролираат во нормални услови, без ограничувања.

На основа на сегашните бројки на заболени, проценките на надлежните се дека бројот на новозаразени ќе започне да се намалува, но не за денови или недели, туку за неколку месеци.

Во Вухан, во март, здравствениот кадар ги вадеше маските во знак на прослава за „победата врз вирусот.“ Не го победија.

Во Нов Зеланд, во јуни, премиерката Џасинда танцуваше за да прослави што нема ниту еден нов случај.

Но, таму повторно има нови активни случаи.

Со вирусот нема играње.

Нема протоколи за дружби, собиранки, прослави и социјализација во угостителски објекти кои можат да го спречат.

Нема протоколи за отворање градинки и училишта кои се безбедни и за децата и учениците, и за кадарот.

Кога се зборува за нова нормала, се мисли на усвојување нови навики и промени во секојдневното однесување, а не враќање на старото.
Така ќе биде до пронаоѓање успешна вакцина, со докажани ефекти и/или лек кој брзо и ефикасно делува. А, во моментов, човештвото не располага ниту со едното, ниту со другото.

Се уморивме од апели, се уморивме од прекори, се уморивме од гледање дрско објавување на масовните дружби и забави по социјалните мрежи. Дајте, конечно сите нека се свестат дека враќањето на старото едноставно не е одржливо.

Единствено што ни останува е конечно да ја прифатиме сопствената одговорност во оваа нова реалност, за која никој не знае точно колку ќе трае.

Да, има загуби, и на финансиски, и на образовен, и на културен, и на друштвен, и на секој план.

Но, не постои поголема загуба од загубата на човечки животи.

ФБ статус на Кристина Костова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јанкуловски: Претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Ориѓански: Вмровската парола напишана наопачки е фантастичен знак

Влатко Зорба

Богојески: Помалку смешен „рашелов патриотизам“, повеќе државничко однесување!

Влатко Зорба

Тричковски: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа како фасада

Влатко Зорба

Сарачини: Аферата за купување на медиуми со руско-унгарски пари тежи повеќе од „Рекет“

Влатко Зорба

Белчева: Сообраќајно да направиме решенија кои ќе помогнат во физичкото дистанцирање

Влатко Зорба