СТАВ

Лазаревски: Супер (не)правични мерки

Владата теоретски може да донесе и супер праведни и правични мерки, никој во државата пак нема да биде задоволен дури и до револтна состојба. Приходите во буџетот сигурно ќе паднат, па дури до негово парализирање, доколку корона кризата ескалира во наредните месеци. Затоа што никогаш во овие триесет години, никој што седел во фотељата не направи сериозна дисперзија на ризикот на структурата на приходите во буџетот. Се зависи од еден приход, ДДВ. Останатите приходи беа и се исклучиво во функција на обезбедување на Fun and Pleasure на одреден слој на граѓани, до нивно израмнување и приземјување со генерална даночна стапка која создаде состојба на даночна уравниловка.

Во услови на најлошото сценарио, а секогаш се тргнува од песимистичко сценарио во такви услови, радикалните мерки се неопходни. Приходите во буџетот сигурно би лизгале со засилено темпо надолу, затоа што зависат само од еден домашен приход, ДДВ и од надворешното задолжување

Според една американска студија, 70% од секторите во една држава при ваква хуманитарна криза се нефункционални за спречувањето на потенцијалната катастрофа, но и за одржување на стабилни економско финансиските токови на државата. Тоа води кон нивно успорување до исклучување од економско-финансиските текови. Вработените мора да останат дома, без да создаваат нова вредност. Значи нема приходи во буџетот.

Мислам дека преоптимистични се очекувањата на сериозни европски грантови или поволни задолжувања кои би помогнале во бекството од ликвидносниот банкрот. Европската Унија влегува во поголема економско финансиска криза по 2008 година, каде банкротот на Грција делува како шала во однос на тоа што следува. И Брисел е многу свесен за тоа.

Во вакви услови треба да се очекува сериозно лизгање на приходите и заради тоа што најмалку 1 милион граѓани директно или индиректно месечно зависат од буџетот и без оваа економска потенцијална катастрофа во државата. Без месечни приходи, голем дел од нив ќе посегнат по депозитите. Крајот сигурно не може да се предвиди, но лизгањето на банкарските депозити е извесно, до домино ефект. Тоа може да биде закаснето плаќање на данокот од минатото од некомпетентноста и намерното не чинење со седењето во фотељите на тие што одлучуваа.

Минатото не може да се врати назад и да се исправи. За жал.

Мерки

Имајќи го предвид нашиот медитерански менталитет, поточно да речеме италијански менталитет, ние деновиве успеавме поимот Вонредна Состојба да го претвориме во Вонредна Демократија.Еден мал пример од секојдневието. Таму некоја си регулаторна комисија цената на бензините упорно ја стрмоглавува надолу,поради движење на цените на светските берзи. Наместо владата да ја замрзне цената на ниво кога е постигната највисоката цена во малопродажбата во периодот јануари- март, а разликата да биде приход во буџетот, остава некоја си регулаторна комисија да ги одредува цените спроед движењето во светот. Ова време, покрај големите бројки во буџетот, е и време на собирање на секоја трошка во буџетот. А да не зборуваме за вонредната демократија што ја водат политичките партии во стилот, ова го сакаме, она не го сакаме од предложените мерки.

А големите бројки во буџетот делуваат како Scary Movie.

Од 3.9 милијарди евра расходи во годината, само три ставки што морате да ги исплатите:

Плати и надоместоци за службеничкиот сектор,пола милијарда евра. Но тоа не е се. Секое службеничко биро има и неопходни трошоци по единица службеник како што се: струја вода, греење,интернет…..па се до трошоците за водење на сопствената фирма од службеничкото биро кои паѓаат на товар на буџетот, а не на сопственикот на фирмата кој воедно е на службеничка плата. Тешко некој зне колку се овие трошоци за водењето на фирмата бесплатно од службеничкото биро.

Фамозната и мистериозна ставка во буџетот- Стоки и Услуги, 350 милиони евра. Расходи за се и сешто, до скриени трошоци за уште плати и надоместоци за службеничкиот сектор.

Трансфери во единиците на локалната самоуправа- 350 милиони евра. Најголемиот дел од ова сигурно пак завршува во плати и надоместоци на службеничкиот сектор во единиците на локалната самоуправа.

Се на се, само овие три ставки прават 1.2 милијарди евра од вкупните расходи. А понатаму постојат уште расходни ставки во кој е вметнат службеничкиот сектор.

Проицираните приходи е големо прашање дали ќе се остварат во висина од 60%. Тоа значи приходи од околу 2.2 милијарди евра од кои 1.2 милијарди евра треба да ги потрошите практично за службеничкиот сектор до крајот на годината. Тоа е шах-мат позиција за елементарно функционирање на државата.

Меѓународни кредити

За било каков износ да се работи, нема да биде доволен дури ни за релаксација на буџетот до крајот на годината. На пример, ако позајмите 600 милиони евра, од нив ќе треба да потрошите само за службенички плати и надоместоци во следните 9 месеци, 450 милиони евра. Со остатокот од 150 милиони евра не можете да релаксирате ништо во буџетот. Особено што никој со сигурност не може да каже колку ќе трае вирусната криза.

Треба да се биде свесен дека лошиот филм на буџетот како вирус ќе продолжи со притисок врз депозитната база на банките,во најлошото сценарио до банкарско стампедо и курсот на локалната валута.

Helicopter Money

При еден ваков развој на настаните, нема да помогне ни фрлање печатени пари од хеликоптер. Без разлика дали е тоа дозволено или не во нашава држава. Лаиците се повикуваат на чекот од 2.000 долари што ќе го добие секој американец, кои всушност се хеликоптерски печатени пари. Тоа ќе го прави за првпат и Брисел, а Лондон редовно го правел и ќе го прави. Толку е голема надоаѓачката економска криза. Последната во 2008 е обична шала во однос на ова што следува.

Јас немам дилеми. И не се фемкам. Предложените мерки на СДСМ до владата немаат алтернатива. Прво, дрско и не емотивно спасување на буџетот, потоа да видиме како ќе се спасуваме понатаму.

Статус на Линкдин на Руди Лазаревски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Димитров: Драги пријатели од Унијата, вие сте на ред!

Влатко Зорба

Лазаревски: Денес и велиме збогум на дупката наречена Западен Балкан

Влатко Зорба

Најчевска: Сега да се донесе уредба со законска сила за испитување на потеклото на имотот

Влатко Зорба

Сарачини: Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО

Влатко Зорба

На овие избори ќе има понуда за сите, само за милион бојкотери на „Северна“ не?

Влатко Зорба

Озимец: Неодговорно е да се пласираат тези кои ги релативизираат последиците од коронавирусот врз здравјето на луѓето

Влатко Зорба