СТАВ

Љума: Имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат

По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат. Индивидуалци кои се уште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од предходните патници дека за “мир во куќа” дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин.

Неизвесноста и нетранспарентноста за тоа каде ќе нè сместат е исто така резултат на сите оние кои досега бегаат од карантин. Само што влеговме во дворот на Десарет еден од патниците коментира „тууу ова е полициско одмаралиште, нема шанси да побегнеме” па замислете полицијата која работи на спроведување на лицата до карантин со што сѐ се соочува. Вода е неопходно да се обезбеди за патниците кои пристигаат со авиони и чекаат сместување во карантин. (следните кои патувате купете си за секој случај во авион цената во Визер е 180 ден за половина литар или 2.5евра).

Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме.

ФБ статус на Самир Љума

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Костадинов: Не се заблагодарувајте на банките

Влатко Зорба

Забрчанец: „Не бев информиран” е новото „сечени-лепени”

Влатко Зорба

Тренчевска: Родовата еднаквост како збор во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја најдов само еднаш

Влатко Зорба

Силјановска: Уставниот суд храбро да реагира на вирусот на неуставноста

Влатко Зорба

Божиновски: Прваче на времето и корона прваче

Влатко Зорба

Богојески: Да бидеме на чисто!

Влатко Зорба