СТАВ

Мицковски: Европа ќе научи дека мирот со пари не се купува, а дека Балканот оставен мизерен, утре пак ќе биде нивен проблем

Во ова шашаво и шизофренично време, каде секоја вест трае 3 дена, иако некои катастрофи, како војната во Сирија трајат веќе 9 години, одеднаш кога политички не тангира ни текнува дека има војна и дека постојат бегалци.

Сега одеднаш Сирија ни е блиску.

Во време кога богати патници од Италија ги враќаат од граници како бегалци заради короната, гледаме како тркалото се врти, и што може да се случи еден ден кога сите ќе осиромашиме или ќе станеме непожелни, кога ќе бидеме последните пред секоја граница, непосакуваните, мислејќи дека со граници се решаваат денес светските проблеми, било тоа корона или кутри бегалци.

Ќе платиме сите еден за нашата кратка меморија и суровост. Денес тие, утре ние.

Евентуално ќе научиме, дека тоа што се случува во туѓиот двор, не тангира сите.

Евентуално и Европа ќе научи дека мирот со пари не се купува, а дека Балканот оставен мизерен, утре пак ќе биде нивен проблем.

Сега се задоволуваат со решение да ја купуваат нашата работна сила и мозоци, но утре и тоа ќе го снема.

Кутри овие луѓе, но пак, кутри и ние, претпоследните кои не мислиме на последните.

ФБ статус на Ивор Мицковски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богоев: Зарем кариерата на еден човек е побитна од здравјето на сите ⁉️

Влатко Зорба

Николовски: Не си играјте играчки од типот: „како не, дома ќе седам; глупости нема корона кај нас; или млад сум, ништо не ми е..”

Влатко Зорба

Богоевски: Христијан, ти си за жалење, човеку!

Влатко Зорба

Дерала: Љубезни прашања до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Зорба

Кекеновски: Старата римска традиција во македонски услови

Влатко Зорба

Забрчанец: Се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните

Влатко Зорба