СТАВ

На овие избори ќе има понуда за сите, само за милион бојкотери на „Северна“ не?

Како никогаш досега, за љубителите на сите идеологии, бои и нијанси на политичкиот спектар, на овие избори ќе има јасна и конкретна политичка понуда.

Има понуда за антинационалистите, оние што сакаат еднаквост и можности за напредок за сите граѓани подеднакво, без оглед на припадноста.
Секако, има понуда и за националистите, оние што сакаат „чиста“ Македонија.

Ќе има понуда и за оние што сакаат да чекорат напред, но и за оние кои сакаат да се чекорат назад. Ќе има Борба меѓу Северна Македонија и ФИРОМ.

На овие избори имате и прозападни, но и ачик про-руски понуди. Понуда има и за умерените десно и лево, но и за радикалните левичари, како и за радикалните десничари. И за национал-социјалистите, и за ванчовистите.

Ќе има понуда и за верници и за атеисти, и за антисемити, и за демо- христијани, но и за демо-муслимани.

Но, она што најмногу радува е што на овие избори има јасна понуда и за неутралците, за оние што од време на време не се бават со политика, оние што гледаат со едно око, оние што ја гледаат раската во туѓото а не гредата во своето око, оние што гледаат отстрана…

Нема само понуда за оние 1 милион бојкотери кои би викнале јако „Никогаш Северна, никогаш во Пaрламентот на Северна, никогаш плата од Северна, дневници од Северна, никогаш потпис на документ со Северна..“, а има изборна понуда полна како око, за избори за пратеници на Собранието на Република Северна Македонија ?!

ФБ статус на Петрит Сарачини

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Димитриевски: Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно

Влатко Зорба

Кекеновски: ДУИ нема никаква шанса да биде победник на изборите кај албанското гласачко тело

Влатко Зорба

Озимец: Неодговорно е да се пласираат тези кои ги релативизираат последиците од коронавирусот врз здравјето на луѓето

Влатко Зорба

Сарачини: Аферата за купување на медиуми со руско-унгарски пари тежи повеќе од „Рекет“

Влатко Зорба

Костадинов: Не се заблагодарувајте на банките

Влатко Зорба

Деспотовски: Компаниите кои средства од ФИТР бесплатно да ги понудат своите содржини

Влатко Зорба