СТАВ

Најчевска: Доколку Мизрахи продолжи со прекршувањето на законот може да и се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност

Слушам вмровската министерка за труд и социјална политика изјавила дека ќе си ја плати казната и нема да ја промени таблата со називот на министерството.

Слушам, некој професор од правниот факултет им соопштил на своите колеги дека ректорот на УКИМ ќе си плати 1000 евра казна, а новоформираниот синдикат ќе си постои.

Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи или мислат дека сите околу нив се глупи?

Ако ти е изречена прекршочна казна тоа значи дека си го прекршил законот и дека веќе не треба да го прекршуваш. Тоа не значи дека е озаконета последицата од прекршувањето што си го направил. Со плаќањето на прекршочната казна не се обезбедува легалитет туку се става до знаење дека тоа што си го направил е спротивно на законите.

Во правото тоа значи дека секогаш кога е тоа можно треба да се адресираат последиците од прекршувањето.

Во случајот на вмровската министерка за труд и социјална политика тоа значи дека мора да ја врати таблата со официјалниот натпис, а за новоформираниот синдикат тоа значи дека има законска пречка да биде регистриран бидејк е прекршена процедурата на неговото формирање.

И на вмровската министерка за труд и социјална политика и на ректорот на УКИМ доколку продолжат со прекршувањето на законот може да им се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност.

Дај бре престанете да си играте мајтап со правото.

ФБ статус на Мирјана Најчевска

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Мицковски: Легитимен победник на избори треба да биде оној што ќе вети дека ќе ги реформира – реформистите

Трпкова: Ханиленд ве извади од транзициската-комфорт зона

Влатко Зорба

Петров: Време е за луѓе со искуство од реалниот свет

Берта Китинска

Кекеновски: Двојните стандарди на Мицкоски

Влатко Зорба

Илиевски: Во Финска ги учат децата како да препознаат лажна вест, и на нас ни треба таква обука за да останеме во нормала

Влатко Зорба

Јовановиќ: Мицкоски не може да биде алтернатива на Заев и луѓето кои денес ја претставуваат владата

msp-admin