СТАВ

Николовски: Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија!

Денес, кога правната држава е светост и светлост кон која се стремиме, да се дрзнеш да бидеш против правда, против европската иднина и против НАТО, не е ништо друго освен губитничка позиција.

Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.

Огромното мнозинство во Собранието денес покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики.

Ги завршивме сите реформски задачи. ЕУ тоа го гледа и има одговорност за својот следен чекор кон Северна Македонија.

Пративме јасна порака дека мора да се стави крај на криминалните интереси. И назад нема. Ниту сега ниту во иднина. Државата мора да чекори со чесни, растеретени и политичари што влечат напред. Доста е од закани, калкулации и обиди за враќање назад. Чекориме за правда и за иднина!

Одиме на фер и демократски предвремени парламентарни избори.

Гордо стоиме пред граѓаните и бараме нов, чист и целосен мандат на 12 април.

ФБ статус на Љупчо Николовски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Забрчанец: 2/3 за Законот за јавно обвинителство носат правда, правна држава и европска иднина

Влатко Зорба

Сарачини: Труеја дека никогаш нема да добиеме датум, дека нема НАТО

Влатко Зорба

Синадиновска: Случајот со директорката е уште еден доказ дека овде ќе си се умре само од позерај и глума

Влатко Зорба

Димитров: Политички “вирус”

Влатко Зорба

Јовановиќ: Мицкоски не може да биде алтернатива на Заев и луѓето кои денес ја претставуваат владата

msp-admin

Жерновски: Усвоениот закон за ЈО обезбедува позитивен извештај за напредокот од страна на ЕК

Stefanija Kuzmanovska