СТАВ

Огњанова: Посакувам секој млад доктор да ни се придружи во оваа борба

Денес, сите заедно, докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници работиме изложени на најголем ризик од инфекција со Ковид-19. Особена чест за секој млад доктор претставува довербата што ни ја дадоа нашите искусни колеги и ни дозволија да се вклучиме со целата наша енергија и стекнато знаење во битката за справување со најтешкиот вид на компликации од коронавирусот.

Посакувам секој млад доктор кој се чувствува спремен да ни се придружи во оваа борба која ни ја приреди невидливиот непријател. Се надевам ќе се справиме со него најуспешно што можеме, ќе ги намалиме загубите во човечки животи и ќе успееме успешно да ги закрепнеме заболените. Ви благодариме на сите за подршката, убавите зборови и надежта што ни ја давате да истраеме и во најтешките мигови кога стануваме исцрпени, беспомошни и разочарани кога губиме човек!

Верувајте во нас, бидете умни и почитувајте ги препораките на здравствените власти. Дозволете да ја исполниме нашата задача за која со љубов учиме и работиме. Затоа, ве молам СЕДЕТЕ ДОМА.

ФБ статус на д-р Виолета Огњанова

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Мицевски: Ми се јавија да ги бранам тепачите, им затворив слушалка

Влатко Зорба

Јанкуловски: Само затоа што е заразен го бркате од неговиот дом?

Влатко Зорба

Петровски: Доживотни балкански дилетанти

Влатко Зорба

Димитров: Зарем некој се изненади дека тие денеска гласаа „ЗА“ НАТО членството на Северна Македонија?

Влатко Зорба

Зекири: Граѓанскиот концепт „Едно општество за сите” ги победува стереотипите

Влатко Зорба

Апостолов: Порака до сите ТЕОРЕТИЧАРИ НА ЗАГОВОРИ и неверници…