СТАВ

ON LINE/ON BOARD настава, или уште една изгубена година ??

Овие денови најгорливо прашање е каква настава ќе имаат учениците.

On Line, or On board, that’s the Question now???

Еве еден мој скромен придонес, кој е комбинација од двата модела, кој драстично ќе го подобри квалитет на настава, а на минимум ќе ја редуцира можноста за дисеминација на вирусот.

1. Министерството веднаш ги опремува сите училишта со униформни платформи за on line настава.
2. Сите наставници одат на работа според регуларно направен распоред.
3. Од својата училница држат регуларна настава во траење од 30 минути, која учениците ЗАДОЛЖИТЕЛНО ја следат и активно учествуваат во неа.
4. Меѓу секој час има 15 минути пауза.
5. За сите ученици обезбеден бесплатен НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА НИВНИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ.
6. Сите ученици кои немаат можност за следење на наставата преку електронски пат, присуствуваат физички на наставата.
7. На крајот од секое тромесечие, сите ученици од еден клас, поделени во 4 групи во 4 различни термини со физичко присуство имаат писмен тест, писмена работа или усно испрашување од соодветниот наставник.
8. Предметот физичко воспитување, во четири одделни групи се изведува со физичко присуство секоја втора недела.
9. Во сите рурални и градски средини, каде индексот на контаминираност е низок или го нема се одвива регуларна настава.

СЕ ДРУГО ОСВЕН ВАКОВ ИЛИ НЕКОЈ СЛИЧЕН МОДЕЛ Е #JokeOfEducation кое дополнително ќе го руинира веќе руинираниот образовен процес.

ФБ статус на Нико Беќаровски

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Арсовски: Секој упасен судија, тајкун, лопов е голем чекор кон излез од ова длабоко, непрегледно мочуриште

Влатко Зорба

Сарачини: Рама рече дека ќе се отворат границите на Албанија за сите соседи

Лукароски: Во многу земји коронавирусот е ставен под контрола – таму нема литии и причести со едно лажиче

Димитров: Не’ чека Европа да и’ покажеме што можеме

Влатко Зорба

Томовски: Новите „бисери„ на Фудбалската Федерација

Најчевска: За мене нема политичари Албанци или Македонци или … Има криминалци и политичари од најразличен етницитет, вера и невера

Влатко Зорба