СТАВ

Петров: Време е за луѓе со искуство од реалниот свет

Немаш политичко искуство и што бараш па ти во политика? Два најчести коментари од луѓе овие неколку месеци. ОК е. Можеби немам политичко искуство ама па кој политичар кај нас чесно, со макотрпна работа, има креирано бизнис или бренд што е препознаен во 40 земји во светот, пишува во својот Фејсбук статус Коста Петров.

Во овие десет години, Пи Ворлд има организирано над 500 настани во 46 градови низ светот вклучувајќи ги Њујорк, Мајами, Лос Анџелес, Отава, Торонто, Техеран, Баку, Тбилиси, Алмати, Истанбул, Каиро, Маракеш, Софија, Манама, Доха итн…На нашите настани редовно говорат најголемите светски експерти од најмоќните брендови во светот! Нашите предавачи и советници работеле и работат за кралски семејства, влијателни политичари и за некои од најголемите корпорации. Ајде да зборуваме конечно за реално искуство од вистинскиот живот! Видовме што можат оние само со политичко искуство! Време е за луѓе со искуство од реалниот свет, вели Петров.

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Богојески: Помалку смешен „рашелов патриотизам“, повеќе државничко однесување!

Влатко Зорба

Милчин: Печалењето политички поени за време на пандемијата е криминал

Влатко Зорба

Тричковски: Злосторство без казна

msp-admin

Ангеловска: Да бидеме сите одговорни, солидарни и реални

Влатко Зорба

Димитровски: Одговорноста, чесноста и пожртвуваноста на Филипче нека биде пример за сите во ова општество

Влатко Зорба

Мицковски: Нашите странски партнери во акцијата Крушопек биле мудри што ја задржале дрогата

Влатко Зорба