СТАВ

Рамадани: Да се надеваме дека претседателот на државата ќе го има во предвид поривот на луѓето за слобода

Секој секаде во светот што предлага, спроведува и посебно тие кои одлучуваат за рестриктивни мерки треба да имаат предвид дека кај луѓето е всаден поривот за слобода.

Тоа е посебно важно во земји како нашата кои штотуку се ослободија од режим и заробена држава. Тоа заради фактот дека психолозите велат дека овој порив за слобода е посебно нагласен кај луѓе кои престојувале некое време во логор, затвор или друг вид на изолација.

Посебен третман треба да се има кон овој порив во ваков технички политички период. Посебно кога нема собрание или изгласана влада па владеат вака негласани шутраци со никаков политички легитимитет.

Да се надеваме дека утре единствената политички директно легитимна институција, претседателот на државата ќе го има посебно во предвид поривот на луѓето за слобода.

ФБ статус на Рамадан Рамадани

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид-19, ете зошто и никогаш нема да нѐ биде

Влатко Зорба

Жерновски: Усвоениот закон за ЈО обезбедува позитивен извештај за напредокот од страна на ЕК

Stefanija Kuzmanovska

Богојески: Ублажување на тонот на квалификациите!!!

Влатко Зорба

Ампева: Или ќе работиме заедно за да се подобри угледот на текстилната индустрија, или ќе нема кој да работи во овој сектор

Влатко Зорба

Јовановиќ: Може Будимпешта да се пенави до утре, нереди и насилства никој нема да им дозволи

Огњанова: Посакувам секој млад доктор да ни се придружи во оваа борба

Влатко Зорба