СТАВ

Рамадани: Три забелешки за дополнителните мерки

1. Трендот на мерки ние го поставивме и нема зошто сега да се копираат Србија, Албанија и Индија за по рестриктивни мерки. Да потсетам дека во нашата земја утре ќе се наполни четврта седмица значи месец дена како училиштата, стадионите, џамиите и црквите се затворија како точки на концетрација на потенцијални заразени и преносители на вирусот. После месец дена трендот сега веќе требаше да биде обратен кон ослободување, секако после сеопфатна анализа за досега спроведеното, со бројки споредби и сите нишани. Иако мерките уште на почеток беа со структурни фалинки. Фабрики и јавен превоз уште нема ограничувања, а секако тие се собири и повеќе од многу школи и верски објекти. Имено два од три случаја на обзнанени инфекции се од работно место или јавен превоз. Третиот случај се ете од самиот здравствен систем. Луѓето и докторите се заразија токму заради неадекватни мерки и заштита уште од почеток.

2. За досега спроведените мерки заслужен е народот кој исплашен седеше дома, ставаше маска на лице и нараквици на раце и се трудеше да биде одалечен од други. Тие кои сега се понашаат како нашле па зашле да владеат со рестрикции, полиции и реперкусии треба да ги детализираат, спроведат и објаснат овие мерки за социјално дистанцирање како што е случај во правни држави каде има здравствен систем и ова сето се прави да му се помогне на тој систем да може да апсорбира, временски, пациенти. Тука да потсетам дека има покренато обвинение за една болница која не примила пациент заразен за лекување и сега ние сите спроведуваме мерки за болниците да можат да ги апсорбираат сиот број на потенцијални пациенти од вирусот а тоа го одбило и првиот пациент! Систематските мерки превземени во несистематска средина се само прдежи во јавност и носат други последици од кои потоа смрдеата е најмалата.

3. И последната забелешка е дека ова е техничка влада со технички легимитет, да не се знаесуваат многу зошто ќе бидат адекватно запамтени кога ќе бараат легитимитет на избори. Сите подеднакво, зошто во оваа влада сега која ете не се знае колку ќе потрае, владеат и позиција и опозиција. Посебно важи заради фактот дека последната политичка влада на чело со Зоран Заев дојде на власт и како последица на една долгогодишна борба за правда и слобода. Да, ние не се боревме за ова и дефинитивно не гласавме за ова. Значи и тие кои беа анти нато и еу не гласаа за ова ниту ние кои бевме и сме земјава да ни стане по европски терк слободна и праведна. А и тие анти нато анти 5г и анти се, не гласаа за ова зошто тие неќеа усаид сорос нато еу америка, зошто сега да сакаат унгарија и словенија. Па Сорос и Орбан и двајцата се од Унгарија?!

ФБ статус на Рамадан Рамадани

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Мицевска: Како Италијаните издржаа 70 дена локаут – излегоа снимки од камиони со ковчези кои ги закопуваше државата без присуство на семејството

Богојески: Доволно беше ВОНРЕДНА, време е за РЕДОВНА состојба!

Велковска: ПРИСТИГНАВ ЗДРАВА, ЗАМИНАВ ДОМА БОЛНА!

Влатко Зорба

Панчевска: Не играјте пресс/друштвени игри со здравствените работници и населението

Stefanija Kuzmanovska

Мицковски: Легитимен победник на избори треба да биде оној што ќе вети дека ќе ги реформира – реформистите

Јанкуловски: Пред да протестирате, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора и прашајте се: Што правам бе јас?!?!?